Грин.орг поднесе барање до општините за писмена гаранција и склучување на договор за управување со депонијата

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Во изминатиов период видовме дека граѓаните покажаа дека сепак може да се издржат дури и вонредни временски услови.

За жал, сеуште не видовме никаков одговор од страна на Владата или Министерство за животна средина.

Барањата кои беа удоволени додека бевме вклучени во блокадите како медијатори се во тек и даваат резултати.

Доколку се остане на ставот останатите општини да депонираат отпад бараме писмена гаранција која ќе биде изготвена од наша страна следејќи ги законските регулативи.

Ова го  бараме затоа што и ние сме жители на Општина Кочани и планираме нашите деца да останат токму овде во родниот крај па затоа мора да имаме и гаранција за чиста и здрава животна средина.

Во писмениот договор се дадени обврските на сите договорени страни па така доколу не се почитуваат ќе имаме официјален документ со кој ќе можеме да постапуваме.

Грин.орг

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ТАБ МАК ВРАБОТУВА….

Содржината на објавата е сопственост на Радио Кочани. 

На 12 ноември – конститутивна седница на Советот на Општина Кочани

В среда, 12 ноември 2025 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки. 1.      Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани 2.      Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања 3.      Избор на претседател на Советот

Градоначалникот Грозданов на прва работна средба во КЈП „Водовод“

Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие. Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП