В среда, 12 ноември 2025 година, со почеток во 12 ч., Советот на Општина Кочани ќе ја одржи својата прва, конститутивна седница. На предлог-дневниот ред се наоѓаат 14 точки. 1. Верификација на мандатот на членовите на Советот на Општина Кочани 2. Избор на членови на Комисијата за мандатни прашања избори и именувања 3. Избор на претседател на Советот
Денеска градоначалникот на Општина Кочани Владко Грозданов оствари работна средба со раководните служби од КЈП „Водовод“ и со административните службеници задолжени за комунални работи од Општина Кочани, на која беше разгледана севкупната состојба во кочанското комунално претпријатие. Констатирана е незавидна состојба со јавната чистота, намалени капацитети на човечки ресурси и лоша финансиска положба на КЈП