Победа во завршницата поразена од Скопје

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Победа не успеа на свој терен да ја совлада екипата на Скопје во рамките на 15 тото коло од Втората македонска фудбалска лига. Скопје со три бода се враќа од Прилеп, откако во самиот финиш домашниот голман направи голема грешка и наместо да ја „боксува“ топката, тој ја фати со двете раце и со неа влезе во голот. Конечните 0-2 беа поставени во судиското продолжение.

Победа се наоѓа на 12 тото место на табелата со освоени 13 бодови.

ВТОРА ЛИГА – 15. КОЛО

Арсими – Борец 1-0
Башкими – Кожуф 1-0
Беласица – Брегалница 0-1
Каменица Саса – Вардарски 5-1
Македонија ЃП – Вардар Неготино 5-0
Новаци – Осогово 5-0
Охрид – Детонит Плачковица 1-3
Победа – Скопје 0-2

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени

Денеска, Блерим Ислами официјално ја презеде функцијата градоначалник на Општина Долнени. По тој повод тој на својот ФБ профил напиша: Тој доаѓа на местото градоначалник од Коалицијата ВЛЕН.

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...