Aмфенол вработува Оператор на CNC глодалица

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Моментално имаме потреба од 1 (едно) нововработено лице за работно место:
Оператор на CNC глодалица
Одговорности и задачи:
Активна работа на ЦНЦ глодалица за изработка на нови делови за
потребите на производство, како и оспособување на стари веќе дотраени
делови со доработка со цел повторно воведување во процесот на
производство и секојдневно одржување и грижа за машината.
Повремена работа на струг, слолбна дупчалка и работа со рачен алат со
цел изработка на нови делови за потребите на производство, како и
оспособување на стари веке дотраени делови со доработка со цел повторно
воведување во процесот на производство и секојдневно нивно одржување.
Работа по добиени задачи.
Чување и одржување на комплетниот мерен и резен алат и прибор во
работилницата.
Целосна грижа за ред и хигиена во машинската работилница.
Потребни квалификации:
Високо образование (предност технички науки) / ССС – предност
машински техничар
Работното искуство ќе се смета за предност(посебно ако е во
производствена фирма)
Основни познавања на работа со нумерички машини, познавање на
работа во алатница
Организираност, тимски работник, самостојност
Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 01.12 .2024 година по
електронски пат на следнава адреса: job @amphenol.mk или директно во
канцеларијата на оддел за човечки ресурси.
Напомена:
Ќе бидат контактирани само лицата кои ќе влезат во потесен избор.
Апликациите без назнака за кое работно место се однесуваат нема
да се земат во предвид.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео