Крводарителска акција во Полициската станица – Кочани – Последна за оваа година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Денес, во големата сала на ОВР – Кочани, се спроведе последната крводарителска акција за годинава, на која крв даруваа вработените од Полициската станица.

Активноста ја реализираше Општинската организација на Црвен крст – Кочани и Институтот за трансфузиона медицина  – Скопје.

За деталите околу денешната акција зборуваше Сашка Стојанова од ОВР – Кочани.

Во текот на една календарска година, вработените во ОВР – Кочани, крв даруваат и во месеците март и јули.

Инаку, за наредниот четврток е закажана редовната ноемвриска крводарителска акција, која се спроведува секој последен четврток од месецот во просториите на Црвен крст – Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

На велосипед во сеќавање на жртвите и за поддршка на повредените во „Пулс“

д Паркот на Револуцијата во Кочани денеска после десет часот започна велосипедската тура што се возеше во чест на загинатите и  повредените во трагедијата од 16 март 2025. Учествуваа неколку стотици велосипедисти и рекреативци од Кочани и од други градови, кои на овој начин  оддадоа почит и  испратија порака на солидарност и сеќавање на жртвите.

Собир со една минута молк ноќеска пред поранешната дискотека „Пулс “ во знак на сеќавање на починатите

Граѓаните на Кочани вечерва ќе одбележат една година од трагедијата во дискотеката „Пулс“ со тивок собир и оддавање почит на загинатите. Здружението „16 март 2025“ овој собир го најави на Фејсбук каде ги информираше граѓаните дека собирот ќе биде во 02:15 часот пред поранешната дискотека „Пулс“ во Кочани со цел да им се оддаде сеќавање

Со „Вечен спомен“ Виница се сеќава на жртвите од трагедијата во „Пулс“

Општина Виница, вечерва во Домот на културата  „Тошо Арсов“ организираше комеморативен настан по повод една година од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Комеморацијата беше посветена на сите жртви од трагедијата, меѓу кои и две сограѓанки од Виница – Ана и Моника. На настанот присуствуваа и родителите на починатите дечиња од Кочани . Видео