УХМР: Метео предупредување за студен бран, дожд и снег

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од Управата за хидрометеоролшки работи известуваат дека утре не’ очекува претежно облачно време со врнежи од дожд, наместа во западните делови пообилни (над 40 l/m²). Ќе дува засилен јужен ветер, кој во текот на ноќта ќе го промени правецот во северен (над 70 km/h). Врнежите од дожд најпрвин на планините ќе преминат во снег, а потоа и на некои пониски места и ќе се формира снежна покривка.

Во сабота во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег, претежно во западните делови. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h). Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и појава на магла по котлините.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: