Одбележан празникот Св. Архангел Михаил во Стришани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на населбата Стришани во Кочани со голема почит и духовност го одбележаа празникот посветен на Св. Архангел Михаил.

Кај Стришанската чешма, која претставува центар на собирот, се одржа света богослужба на која присуствуваа верници од населбата и околината.

Празникот е длабоко вкоренет во традицијата на оваа населба и претставува можност за обединување на верниците.

По богослужбата, собирот продолжи со заедничко дружење, кое создаде топла и пријателска атмосфера меѓу присутните. Годишен кум беше Димче Андонов, а за наредната се Бети Денков и Миле Минов.

Св. Архангел Михаил, кој се смета за заштитник и духовен војвода, за верниците од Стришани претставува инспирација за борба против животните предизвици. Годишното одбележување на неговиот празник ја покажува силната поврзаност на оваа заедница со духовните вредности и традициите.

Овој настан и годинава ја потврди важноста на празникот како момент за духовно зацврстување и јакнење на меѓусебните односи меѓу жителите.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Супер Кит Го и Кит Го – Паметен избор за секојдневен пазар!!!

Кога квалитетот и добрата цена се најважни – изборот е јасен. Супер Кит Го и Кит Го Кај нас ќе пронајдете свежи производи, разновиден асортиман и секојдневни акции што навистина се исплатливи . Пазарувај брзо, лесно, во пријатна атмосфера и со љубезна услуга. За твојот дом, за твоето семејство, за секој ден. Супер Кит Го

Амфенол вработува Сетер – ABR Bernd-Richter

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место: Сетер – ABR Bernd-Richter REGISTER NOW Одговорности и задачи: Потребни квалификации: Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 29.01.2026 година по електронски пат на: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Сетер – ABR Bernd-Richter ·Ќе бидат контактирани само

Твојата следна кариерна прилика те чека!

Твојата следна кариерна прилика те чека! Антариас бара агенти за продажба во Кочани ! Информации на: 070/325-535 Локација: Спроти Паркот на Револуцијата