ТИТАНИУМ – НОВ ИНСТАНТ ЛОЗ СО ВОЗИЛА НА ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Државна лотарија, денес го пласираше новиот инстант лоз „Титаниум“ со примамлива понуда од два вида возила: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA од серијата Титаниум. Имено, по истражувања меѓу учесници во игрите на среќа, спроведени на продажните места на Државна лотарија, љубителите на инстант лотаријата се изјаснија дека очекуваат токму ваков вид премии.

Како одговор на барањата на играчите, инстант лозот „Титаниум“ стана најнов член на семејството на инстант лотаријата на Државна лотарија. Лозот нуди вкупен фонд на добивки од близу 95 341 575 денари, вклучувајќи 14 премии од коишто: 7 возила FORD FOCUS и 7 возила FORD KUGA, 30 добивки по 50 000 денари и многу други вредни парични добивки.

Со забавно и лесно откривање на три исти симболи или износи, учесниците во оваа игра на среќа ќе ги бараат своите добивки во полето за игра на атрактивниот инстант лоз, а 14 од нив ќе станат сопственици на луксузниот комфор на титаниум, коишто ќе го пленат вниманието и на сите кои досега посакувале да возат или да подарат ваков тип на возило.

Инстант лозот има и атрактивна кампања којашто поттикнува да се замислиме над балансот меѓу своите очекувања и својата вистинска верба во среќата. Кога среќата се бара и чудата се можни.

Со ова ве покануваме, да не ги одминувате среќните места на Државна лотарија, да го побарате новиот лоз „Титаниум“ којшто може да ви донесе еден од 14-те автомобили.

За само 100 денари станувате потенцијален сопственик на софистицирано возило.

Воедно, ве поттикнуваме да подарите можност за СРЕЌА ПЛУС и во вашите планови за подарување да го вклучите и инстант лозот „Титаниум“, со којшто може покрај возбуда и забава, да подарите возило или вредна парична добивка. Инстант лозот, може да е вашиот перфектен подарок.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кочани домаќин на 30. Медикал Опен тениски турнир

На тениските терени на Тенискиот клуб Аква Тен во Кочани, денеска и утре се одржува јубилејниот 30. Медикал Опен тениски турнир, во организација на д-р Могилевски и Лекарската комора на Македонија. Турнирот традиционално ги обединува докторите и медицинските работници од земјава, кои преку спортот и дружењето ја негуваат меѓусебната соработка и промовираат здрав начин на

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени