(ВИДЕО)Тутунскиот откуп започна, но со слаба динамика

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од денеска, 19 ти ноември неколку откупувачи започнаа со преземање на тутунската реколта. Во Прилеп вратите ги отворија две откупни фирми за тутунопроизводителите. Но, освен што се набавуваат картонски кутии за пакување на производство, тутун не се предава. Земјоделците очекуваат повисоки фер цени за квалитетот кои што годинава го поседува производството.

„Во Прилеп сеуште никој нема донесено тутун, но имаме сознанија во делот на Источна Македонија и во Пелагонија има откупено тутун во прва класа, со напомена дека откупувачите влажниот тутун не го откупуваат и сувиот тутун. Како бројка немам податок колку е откупено, но тоа што е откупено е во прва класа. Вкупно се отворени 19 ваги, меѓутоа се цени само на неколку, тутунопроизводителите чекаат, калкулираат која класа е, која цена,“  вели Кире Ристески, претседател на Сојуз на тутунски здруженија. 

Сојузот на тутунски здруженија веќе преговарале со откупувачите во однос на висината на цената.

„Му најавивме на откупувачите да не размислуваат за пониска цена од ланската и да оди повисока цена. Ние одиме 420 денари за кгр да биде просечна цена, која би се постигнала со анекс на договори како што се правеше лани со анекс на договори. За ова сеуште нема најави, но доколку сакаат да откупат тутун, компаниите ќе треба да ги зголемат цените, “

вели Ристески.

Од вкупно 309 пријавени ваги на 10те откупувачи, моментално работат само 19 ваги.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Мечката му го откинала носот на 46-годишниот Ицко Милески од с.Секирци

Жител на долненското село Секирци, 46-годишниот Ицко Милески се лекува на клиниките во Скопје по вчерашниот напад на мечка бри берење на печурки. Милески, вчера околу 13 часот, со пријател бил на вообичаена берба на печурки во атарот на селото Рилево, кога одненадеж го нападнала мечка. Сето се случило за...

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...