Работна средба со претставници од Проектот за воспоставување регионален систем за управување со отпад во ИПР

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Претставници од Министерството за животна средина и просторно планирање, директно вклучени во реализацијата на европскиот Проект за воспоставување регионален систем за управување со отпад во Источниот Плански Регион во рамките на програмата ИПА 2, денеска остварија работна средба со градоначалникот Љупчо Папазов, претседателот на Советот на Општина Кочани Лазо Митев и секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев.

Службениците од Министерството покажаа интерес за моментната состојба на Градската депонија во Кочани, како и за донесената одлука за престанување на донесување комунален отпад од другите општини на депонијата во Кочани.

На средбата беше истакната подготвеноста за продолжување на проектот до целосно затворање на Градската депонија во Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Иноверс“ – виртуелна авантура за сите генерации!

Доживејte ја иднината на забавата со „ИНОВЕРС“ во Кочани! Конечно во градот е отворен единствениот VR гејминг центар „Иноверс“, место каде што виртуелната реалност станува вистинско доживување!  Уживајте во најновите VR игри, Испробајте реалистични симулатори – Формула, Плејстејшн и други возбудливи системи, Организирајте незаборавни родендени за вашите најмили!  Искористете го промотивниот период и подарете им на децата

Бесплатни стоматолошки прегледи за повредените од пожарот – во „Свети Козма и Дамјан“

По трагичниот пожар што го потресе Кочани, продолжува грижата за повредените граѓани преку конкретни и навремени здравствени мерки. Во таа насока, Клиника Св. Козма и Дамјан се вклучи со значајна иницијатива, обезбедувајќи бесплатни стоматолошки прегледи за сите лица кои биле изложени на чад и токсични гасови. Стручните лица предупредуваат дека вдишувањето на јаглерод моноксид може

Тоше Стојанов назначен за началник на ОВР – Кочани

Од денеска, Тоше Стојанов официјално ја презеде функцијата началник на ОВР – Кочани, откако беше назначен од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Стојанов доаѓа на највисоката раководна позиција во Одделението за внатрешни работи – Кочани со повеќе од десет години професионално искуство во полициските структури. Во текот на својата кариера, тој работел во специјализирани