Џафери: Ромите се нераскинлив и природен дел на нашето општество

Оригинален линк на написот: Text.mk

По повод 8 април – Меѓународниот ден на Ромите, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери упати честитка до припадниците на ромската заедница во државата.

„Почитувани граѓани, припадници на Ромската заедница,

Со големо задоволство упатувам до вас во име на Владата на Република Северна Македонија и во мое лично име честитки по повод 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите.

8 Април е ден којшто го одбележуваме во ваша чест драги сограѓани Роми, затоа што и вие, како и сите граѓани, сте нераскинлив и природен дел на оваа држава и општество. И вие, заедно со сите граѓани ги чувствувате и благодатите, меѓутоа и тешките денови и ситуации кои ги носи животот. Придонесувате со тоа што можете, се трудите да се подобрат состојбите во секоја сфера и се посветувате кон обезбедување на подобра иднина, за нашата заедничка држава, за нашето општество и за нашите идни поколенија. Притоа, го вложувате вашиот единствен и уникатен карактер, вашата харизма, позитивност и бестрашност. Овој ден, е признание и потврда од страна на државата, институциите, вашите сограѓани и општеството во целост дека и вие сте суштински дел од цел овој контекст.

Како Влада, преку усвоената Национална стратегија за Роми која е дел од јавните, државни политики, преземаме мерки во конкретни области за да обезбедиме основа за ваша целосна и вистинска интеграција, затоа што само тогаш, кога и самите ќе бидете дел од системот, ќе можете да го направите најдоброто, првин за себе, потоа и за општеството и државата. Тука е клучно образованието, кое е најдобра инвестиција во растот и развојот на младите кои се иднината на државата, и на светот. Затоа, бидете мудри, бидете упорни, чекорете храбро и сигурно кон светлината што се појавува кога ќе се просветли умот. Само тогаш ќе може да излезе на светло и вашиот вистински и оригинален потенцијал којшто се разликува од сите други.

Наша обврска како држава и државни институции е да бидеме до Вас во секој чекор напред.

Честит 8 Април, Меѓународниот ден на Ромите!

Bahtalo Maškarthemutno Dive e Romengo – 8 April!“

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Неколку трикови за оние кои имаат проблем со будење наутро

Многу луѓе имаат проблеми со будењето. Штом будилникот заѕвони наутро, некои имаат навика да го одложуваат додека не соберат сила за да станат, додека други стануваат штом ќе ја слушнат мелодијата. На некои луѓе им треба повеќе време за да се разбудат, но со неколку трикови, будењето ќе стане лесно. Поставете го алармот неколку минути The post Неколку трикови за оние кои имаат проблем со будење наутро first appeared on Text.mk.

Концерт на врвните уметници Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и Дино Имери

Со особено задоволство ја најавуваме музичката вечер која ветува исклучително уметничко доживување. На 17 декември (среда), со почеток во 20 часот, во амбиентот на Музејот на македонската борба, ќе се одржи концерт на двајцата истакнати уметници од регионалната и меѓународната сцена – виолончелистот Драган Ѓорѓевиќ Сузуки, еден од најценетите и највлијателни виолончелисти во регионот, и The post Концерт на врвните уметници Драган Ѓорѓевиќ Сузуки и Дино Имери first appeared on Text.mk.

Петта јубилејна „Златна Олимпија“ – Вечер на најуспешните жени во спортот

Во знак на препознавање на извонредните достигнувања на жените во спортот, Македонскиот олимписки комитет ја најавува петтата јубилејна церемонија на доделување на наградите „Златна Олимпија“, која ќе се одржи вечерва (16 декември) во хотел „Холидеј Ин“ во Скопје. Овој настан е посветен на жените кои ги поместуваат границите на извонредноста, инспирирајќи ги идните генерации спортисти The post Петта јубилејна „Златна Олимпија“ – Вечер на најуспешните жени во спортот first appeared on Text.mk.