Претставување и разговор со писателката и сценаристка Дора Шустиќ

Оригинален линк на написот: Text.mk

На 9 април (вторник), со почеток во 19:30 во кафе-книжарницата „Буква“ ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателката и сценаристка од Хрватска, Дора Шустиќ. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.

На настанот ќе биде претставен нејзиниот роман „Пци“, за кој таа беше финалист за најзначајната награда за роман во Хрватска, наградата „т-портал“, а ја доби книжевната награда „Драго Герваис“. Романот „Пци“ ја раскажува приказната за младата жена која откако ќе се запише на славната Филмска академија во Прага се надева дека од животот ќе го добие сето она што го сака – „знаење, слобода, секс, работа, успех, љубов и пари“. Прага е градот на нејзините сништа, но и место во кое ќе се соочи со сите предизвици на животот. Кога на една забава ќе се запознае со постар харизматичен фотограф, таа се вљубува и се препушта на страстите, без да насетува колку е моќна неговата темна енергија. „Пци“ е роман за генерацијата миленијалци желни за слобода, пораснати да веруваат дека сè е можно додека суровоста на либералниот капитализам не ги сведе на прекарна работа во која нема место за идеалите на младоста. Освен за романот „Пци“, Дора Шустиќ ќе зборува и за својата работа како сценаристка и режисерка, како и за другите прозни, поетски и есеистички дела.

Дора Шустиќ (1991, Риека) е писателка и сценаристка. Дипломирала политички науки во Љубљана и сценаристика на ФАМУ во Прага. Живеела во Истанбул, Берлин, Љубљана и Загреб, каде што моментално работи како сценаристка и развива свои филмски и книжевни проекти. Објавува кратки раскази, песни, новинарски текстови и есеи на хрватски, словенечки и англиски јазик.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Дора Шустиќ во Скопје, поддржан од европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности

Факултетот за ликовни уметности ја организира традиционалната 46. ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА на студентските остварувања за академската 2025/2026 година на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот. Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот The post Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности first appeared on Text.mk.

„Младите доаѓаат“ со Македонската филхармонија

Традиционален концерт со учениците од Државните музички училишта во Македонија, насловен „Младите доаѓаат“ ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот.  Диригентка е маестра Бисера Чадловска, а ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива The post „Младите доаѓаат“ со Македонската филхармонија first appeared on Text.mk.

Менструалната сиромаштија сè уште е реалност: Промовиран „Menstrual First Aid Kit“ за училиштата во Северна Македонија

Секоја година на 28 Мај, светот го одбележува Меѓународен ден за менструална хигиена со цел да се подигне свеста за мааната од менструалната сиромаштија, пристапот до хигиенски производи и потребата од достоинствени услови за менструално здравје. Денот има за цел да ја отвори јавната дебата за темата која сè уште е опкружена со стигма и The post Менструалната сиромаштија сè уште е реалност: Промовиран „Menstrual First Aid Kit“ за училиштата во Северна Македонија first appeared on Text.mk.