Маестралниот Сергеј Крилов на концерт „Езотерија“ со Македонската филхармонија

Оригинален линк на написот: Text.mk

Македонската филхармонија го најавува концертот „Езотерија“, кој ќе се одржи овој четврток (11.04.2024) со почеток во 20 часот, а на кој како виолинист, но и како диригент, настапува прочуениот Сергеј Крилов!

Заедно со Крилов (1970), кој се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација и веќе одамна етаблиран и како диригент, оркестарот на Македонската филхармонија ќе ги изведе: Симфонија бр.1, оп. 25 -„Класична“, најпопуларната симфонија од Сергеј Прокофјев, потоа Концертот за виолина и оркестар бр. 1, оп.26 во g-moll, најизведуваното и најпознатото дело од Макс Брух, како и романтичарската Четврта симфонија на музичкиот „Прометеј“ – Лудвиг ван Бетовен.

Концертот „Езотерија“ ќе донесе комплексна програма и уникатен начин на работа, со маестрален уметник како што е Крилов, а каков што ретко слушаме на нашата музичка сцена.

Сергеј Крилов (1970, Москва) се смета за еден од најталентираните виолинисти на својата генерација. Тој е веќе етаблиран и како диригент, а особено значајно во неговата кариера е неговата функција како директор на Литванскиот камерен оркестар со кој редовно ја презема двојната улога на солист и диригент. Настапувал на сите значајни концертни подиуми, меѓу кои и со Берлинската и Минхенската филхармонија, виенскиот „Музиквереин“, Театарот на Елисејските Полиња во Париз, Академијата „Санта Чечилија“ во Рим, „Ла Скала“ во Милано, ширум Русија, во Европа, Кина… Како што и самиот често истакнува, од уметниците со коишто соработувал огромно влијание врз неговиот уметнички живот извршил славниот виолончелист Мстислав Ростропович. Тој, пак, ќе изјави: „Сергеј Крилов е еден од петте најдобри современи виолинисти“. Роден во семејство на музичари, Сергеј Крилов виолина почнал да изучува на свои пет години, а по само една година, го одржал и својот прв концерт. На десетгодишна возраст веќе станал студент во класите на врвните виолинисти Сергеј Кравченко и Абрам Штерн на Конзерваториумот „Чајковски“ во Москва, и веднаш ги реализирал своите оркестарски дебија низ Русија, Кина, Полска, Финска и Германија. На 16 години го снимил Моцартовиот „Концерт К 219“, како и бројни дела за Руската радио-телевизија. Носител е на бројни први награди на меѓународни натпревари, како „Антонио Страдивари“ во Кремона, „Родолфо Липицер“ во Италија или „Фриц Крајслер“ во Виена. За него, мошне значајни ќе бидат часовите што ќе ги помине со славниот италијански виолинист Салваторе Акардо. Сергеј Крилов настапува како солист и со Виенскиот симфониски оркестар, Англискиот камерен оркестар, Камерата Салцбург, Филхармонијата на Санкт Петербург, Камерниот оркестар „Московски солисти“, Симфонискиот оркестар на Токио итн. Соработува со диригенти како Валери Гергиев, Владимир Ашкенази, Дмитри Лис, Владимир Јуровски, Михаил Плетнев, Андреј Борејко, Јури Башмет… Од 2012 година, Крилов е професор на Универзитетот за музика и уметност во Лугано, Швајцарија. Уметници како Итамар Голан, Александар Књазев, Николај Лугански, Елина Гаранча, Миша Мајски…, биле негови партнери во сферата на камерното музицирање. Позната е неговата соработка со поп-уметникот Стинг, со кого учествуваа на уникатниот театарски перформанс „Twin Spiritis“, посветен на животот на Роберт Шуман и неговата љубов со Клара. Од 2008, Крилов ја комбинира својата кариера со диригирањето, и како диригент соработувал со многу ансамбли, како Англискиот камерен ансамбл, Регионалниот симфониски оркестар на Тоскана, Оркестарот на академијата „Моцарт“ итн.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Исчезнува готовината, дигиталното евро доаѓа до 2029 година

Иако готовината сè уште не е исчезната од секојдневниот живот, сепак брзо ја губи својата важност. Низ целата еврозона, граѓаните сè повеќе користат картички, паметни телефони и апликации за плаќање за да вршат плаќања, додека физичките пари, банкнотите и монетите, играат помала улога во секојдневните трансакции, пренесува хрватски „Индекс“. За Европската централна банка (ЕЦБ), оваа The post Исчезнува готовината, дигиталното евро доаѓа до 2029 година first appeared on Text.mk.

Дронови против комарци: Хаваите во трка за спас на птиците

Во јуни, небото над шумите на Хаваите беше исполнето со илјадници биоразградливи капсули, секоја натоварена со по околу 1.000 комарци. Но тоа не беа обични инсекти, туку лабораториски одгледани мужјаци со бактерија Wolbachia – кои не касаат и чие потомство со дивите женки не може да се изведе. Овој експеримент носи надеж дека ќе ја The post Дронови против комарци: Хаваите во трка за спас на птиците first appeared on Text.mk.

Зелените илузии: Зошто повеќе веруваме во рециклирањето отколку во сопствениот јаглероден отпечаток

Најновото истражување на Националната академија на науки во САД откри нешто што одамна се чувствуваше во воздухот: луѓето погрешно проценуваат што навистина помага во борбата против климатските промени. Кога ќе се спомене климатска акција, првата асоцијација за многумина е рециклирање или замена на сијалиците со поефикасни. Но токму овие постапки, покажуваат научниците, се најпреценети. Реалноста The post Зелените илузии: Зошто повеќе веруваме во рециклирањето отколку во сопствениот јаглероден отпечаток first appeared on Text.mk.