Саем на книга под слоганот „Приказна се чита“ од денеска до 24 април

Оригинален линк на написот: Text.mk

Саемот на книга започнува денеска и ќе трае до 24 април, во арена Борис Трајковски со изданија од домашни и странски автори од над 60 издавачки куќи од земјава и регионот.
-Оваа година, пораката на Саемот на книга е „Приказна се чита“ инспирирана од оние „stories“ кои ги поставуваме на социјалните мрежи. Моќта на социјалните мрежи е огромна во денешницата, затоа ајде да ги искористиме за нешто добро и преку нив да испишеме приказна која долго ќе се памети! Присуствувајте и допрете ги приказните што се раѓаат помеѓу страниците. Приказната се чита, а нашиот свет е богат со неверојатни патувања и искуства! – е пораката на годинашното издание на Саемот на книга.
Посетителите на 36. издание на Саемот на книга, во текот на седумте саемски денови ќе можат да одберат книги од богатата понуда на домашни и странски автори, а ќе имаат можност и да присуствуваат на преку 30-те промоции на нови книги и автори во рамките на Саемот.
Саемот на книга ќе биде отворен за посетители од 18 до 24 април, секој ден помеѓу 10:00 и 20:00 часот, освен на денот на затворањето кога ќе работи до 18:00 часот. Покровител на Саем на книга традиционално е Министерството за култура на РСМ.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава

Втората генерација социјални ментори за работна интеграција беше сертифицирана денес после едногодишната работа со корисници на социјална помош на кои им овозможуваа поддршка за подобрување на нивната вработливост, ги насочуваа кон пазарот на труд и ги поддржуваа во процесот на вработување. Вкупно 53 лица беа вработени во текот на минатата година, на 67 им беа The post Сертифицирана втората генерација социјални ментори во земјава first appeared on Text.mk.

„Виенска фантазија“ со најпознатите дела од класиката

Во четврток, 28 мај со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен “Виенска фантазија“ на кој како солист ќе настапи виолинистот Шкељзен Доли од Албанија, а диригент е Михаил Мачиашчек од Полска. На програмата се „Четири годишни времиња“ од Антонио Вивалди и Симфонија бр. 40 во ге-мол од Вофганг Амадеус Моцарт. Концертот се реализира во соработка со фестивалот „Сцена The post „Виенска фантазија“ со најпознатите дела од класиката first appeared on Text.mk.

мешаната салата „Бенита“ од македонски производител

Во Хрватска од продажба се повлекува производот „Бенита“ мешана салата 670 грама, произведен од македонски производител, откако со контрола било утврдено присуство на пестицидот хлорпирифос, пишува хрватски ИНДЕКС. Спорниот производ не е во согласност со прописите за дозволени нивоа на остатоци од пестициди во храната. Станува збор за производ со рок на употреба 10.11.2027 година The post мешаната салата „Бенита“ од македонски производител first appeared on Text.mk.