Достоинствена прослава-45 години НУЦК „Марко Цепенков“

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Како што пред 45 години, со ликовна изложба започнала работата на тогашниот Дом на културата „Марко Цепенков“, така и синоќа со ликовна изложба на колонијата „Дрен“ и концерт на триото ФИА беше одбележан 45 годишниот јубилеј на оваа културна институција во Прилеп.

 Пригодната свеченост ја отвори советничката за односи со јавност м-р Каролина Мицевска, потоа со пригоден говор се обрати директорката Марија Попова Јованоска, а осврт кон изложбата даде историчарката на уметност Викторија Димеска.

По обраќањата следеше концертот со хитови класичната и евергрин музиката во изведба на Трио ФИА. Бројната публика, меѓу која и градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, заменик министерот за економија Марјан Ристески, претставници на Општината, вработените во Центарот, поранешни директори на оваа културна институција, актери, ликовни уметници, писатели, новинари, уживаше во делата на ликовните уметници, музиката и пригодниот коктел низ пријатни разговори, со здравици во чест ја јубилејот.

Да потсетиме, својата дејност како Дом на културата, денес Центар за култура, ја започнува на 14 ноември 1979 г. со отворање на изложба од прилепски автори и со специјално подготвената театарска претстава „Факел“ од Коце Солунски. Во почетокот Домот на културата ги потикнувал аматерските самодејности: фолклор, сликарски школи, литературни, драмски и фото клубови.

По повод одбележувањето на овој значаен јубилеј цел ноември беше полн со културни настани чија низа продолжува и во периодот што следи. Веќе вечерва е закажан концертот на Октет Прилеп, а утре следи проекција на филмот „Дури и глувците одат во рајот“

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Коњаницата пристигнува вечер во Крушево, почнуваат Илинденските чествувања

Коњаниците од традиционалниот „Илинденски марш“ кои од повеќе страни од Македонија тргнаа за Крушево по повод најголемиот национален празник Илинден ќе пристигнат вечерва. За таа пригода организиран е свечен дочек во градскиот парк во Крушево од 18 и 30 часот, информираше градоначалникот Томе Христоски. Почнуваат чествувањата и богатата програма во...

Сеуште не почнале со подготовки, a во прво коло ќе играат со ФК Новаци

Борбата за спас на клубот трае, а паралелно се бараат играчи за реализација на подготовките . ФК Поведа сеуште  е во неизвесна ситуација, а според жрепката за Втората Лига , Победа треба да почне со госување на ФК Новаци. Исто така,  во рамките на 16-финалето од Купот на Македонија, Победа...

Клековски: Сите вработени со договор на дело ќе бидат вработени, најдоцна до крајот на годинава

Сите вработени кои подолго време работат со договор на дело во болниците во земјава ќе добијат договори за неопределено време веднаш по изборите, а најдоцна до крајот на годинава, најави директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, при денешната посета на ЈЗУ Општа болница Велес заедно со својот заменик Бранко...