Педесет дена до почетокот на ОФФ-фест: Силна, инспиративна и возбудлива програма

Оригинален линк на написот: Text.mk

Дваесет и третото издание на традиционалниот ОФФ-Фест ќе се одржи од 6 до 9 јуни во Националната опера и балет, Младинскиот културен центар и Кинотека на С. Македонија, со осум концертни настапи и два документарни филма. Програмата е свежа, географски разнобојна и возбудлива, можеби најсилна во скорешната историја на фестивалот.

ОФФ-Фест 2024 ќе го отворат две големи имиња на африканската музика: BOMBINO, еден од најзначајните претставници на прославениот „пустински блуз“, и јужноафриканските ѕвезди BCUC, познати по својот афро-психоделичен транс и импресивните настапи во живо.

Вкусниот микс од меланезиски, индиски, африкански влијанија и европски фолк со елементи на импровизирана музика на холандскиот секстет BOI AKIH, во комбинација со оригиналниот и моќен звук на француско-етиописката супер-група KUTU, ветува беспрекорно фестивалско доживување. VICENTE AMIGO се смета за наследник на легендарниот композитор и фламенко гитарист Paco de Lucia. Со две Греми награди зад себе, придружуван од музичари од највисока класа, тој ќе го претстави своето фасцинантно творештво, коешто му донесе светска слава и придонесе неговото име да се стане референца за фламенко гитарата денес.

Последната вечер на ОФФ-Фест ќе биде во знакот на три извонредни европски состави: фуриозниот полски гудачки квинтет VOŁOSI со својот оригинален микс во кој се вкрстуваат влијанијата на рок, џез, етно, амбиент и филмската музика, потоа домашните нео-фолк миленици во подем KALATA, како и познатиот српски world music колектив NAKED. Во рамките на предфестивалската „програма плус“ ќе бидат премиерно прикажани и документарните филмови „Cesaria Evora” и „Agadez, the Music and the Rebellion“.

Билетите за 23. ОФФ-Фест се веќе пуштени во продажба на билетарницата на НОБ, како и онлајн преку MKTICKETS. Сите информации околу фестивалската програма, артистите и билетите се достапни на свежо ажурираната и редизајнирана веб-страница на фестивалот: www.offest.com.mk.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Мачкина глава“ го отвора, „Црно злато“ го затвора јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Десет претстави во официјална и четири во придружна програма ќе бидат на програмата на јубилејното 60. издание на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи во Прилеп од 5 до 12 јуни 2026 година. Под мотото „Храбриот нов театар“, и тематот „Кризата на човекот во општеството и кризата на општеството во човекот“, уметничката The post „Мачкина глава“ го отвора, „Црно злато“ го затвора јубилејниот 60. МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп first appeared on Text.mk.

Виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг настапува со Филхармонија

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската филхармонија ќе одржи концерт насловен „Хармонија“ на кој како солист ќе настапи виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг, а диригент е маестро Емил Табаков од Бугарија. На програмата се Концерт за виолина и оркестар бр. 1 во Де-дур, оп. 19 од Сергеј Прокофјев и Симфонија бр. The post Виртуозниот кинески виолинист Нинг Фенг настапува со Филхармонија first appeared on Text.mk.

Националниот џез оркестар во Брисел на „Денови на македонската култура“

Во рамките на манифестацијата „Денови на македонската култура“ која се одржува во Белгија, Националниот џез оркестар ќе настапи на 5 мај во престижниот културен центар „БОЗАР“ во Брисел, со својата програма „Македонски сновиденија“. „Macedonian Dreams“ („Македонски сновиденија“) е уникатна фузија на македонски фолклорни мотиви и современ џез, вистинска музичка приказна која Националниот џез оркестар со The post Националниот џез оркестар во Брисел на „Денови на македонската култура“ first appeared on Text.mk.