Прилеп за првпат ќе добие Центар за дијабет

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во просториите на градската прилепска болница со проширена дејност  „Борка Талески“ денес беше одбележан 14 ноември-Светскиот ден на дијабетот  во организација на Болницата, Здружението на болни од диабет „Сина револуција“ и СОУ „Ѓорче Петров“.

Во име на подобрување на сосотојбите кај болните од дијабет, беа потпишани меморандуми за соработка меѓу болницата и здружението „Сина револуција“ и меѓу истото здружение и училиштето „Ѓорче Петров“

Менде Цветкоски од Здружението на лица болни од дијабет „Сина револуција“ зборуваше за  предизвиците на болните од оваа болест. Цветкоски раскажа дека болните пациенти се соочуваат со дискриминација во однос на лимитираното добивање на сензори и иако инсулинот што го добиваат е на задоволително ниво, има недостаток од истиот.

Добиваме инсулин кој е на задоволително ниво, но имаме недостаток на инсулин, па се работи на подигнување на квотите. Државата треба најмногу да преземе мерки околу технологијата која ја користиме. Користиме застарена технологија. Тука спаѓаат глукометрите и лентичките за шеќер. И бараме да се овозможат сензори за сите лица кои примаат инсулинска терапија, како и поголема пристапност до Мој термин бидејќи многу болни од дијабет имаат потешкотии во однос на закажувањето на термин кај лекарите-подвлекува Цветкоски.

Здружението „Сина револуција“ има околу 150 членови и активно работи на ниво на Прилеп. Организира бројни предавања со акцент на превензијата, здравата храна, физичката активност и функционира како дел од Сојузот на здружение за лица болни од дијабет.

Ангела Мирческа мајка на дете болно од дијабет и вработена во инсулинската аптека, вели дека државата сепак презема чекори за подобрување на состојбата кај болните пациенти.

Добро е што сега државата ни дава сензори, кои претходно си ги купувавме сами. Моето дете на 9 години доби дијабет. Тоа значи осум пати дневно мерење, посебен режим на исхрана, квалитетна храна, намален внес на јаглени хидрати…Со сензорите  се овомзожува ние родителите мирно да спиеме. Сензорот ни покажува дали имаме пад на шеќерот или покачување и тоа ни помага да дадеме соодветна терапија- вели Мирческа

Директорот на Болницата „Борка Талески“, д-р Кире Јоноски, најави создавање  на Центар за дијабет во Прилеп кој би бил ставен во фукнција во наредната 2025 година.

Денес потпишавме меморандум за соработка меѓу нашата болница и здружението „Сина револуција“ со цел подобро дијагностирцирање, подобро лекување и навремено спречување  на компликацииите од дијабетот. Во фаза сме на отворање на центар за дијабет, каде што сите овие активности ќе бидат подобро спроведувани. Сакаме да ангажираме ендокронилози специјализирани за дијабет, за пациентите да не мора да патуваат во Скопје и контолите да ги прават во Прилеп. Центарот ќе  биде во склоп на болницата-изјави д-р Јоноски.

Во активностите по повод Денот на болните од дијабет се вклучија и учениците од медицинската струка и стручните наставници од СОУ „Ѓорче Петров“

Денес учениците од здравстената струка при СОУ „Ѓорче Петров“ во просториите на болницата бесплатно им мереа шеќер на пациентите. Со таа активност и со засадување на дрвца кои ни се подарок од здружението „Сина револуција“ даваме поддршка кон сите болни и даваме скромен придонес во одблеежувањето на овој ден-рече Жанета Видевска, директорка на училиштето „Ѓорче Петров“.

Прилеп за првпат ќе добие Центар за дијабет. Ваквов центар постои и во Скопје. Според  претставнците од здружението „Сина револуција“ вакви центри постојат и во Велес и во Битола но заради недостаток на стручен кадар имаат слаба функционалност.

Прилеп има 10.000 лица заболени од дијабет.Од нив 3000 се на инсулинска терапија, а 100 од нив се деца.   Според д-р  Јоноски  ова се загрижувачки податоци  особено ако се земе предвид дека бројот на заболени расте од година во година.

 

Текст и фото: Филип Димкоски

 

 

 

 

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

БАШЕСКА: БОРБАТА МЕЃУ ДОБРОТО И ЗЛОТО Е МОЈА ВЕЧНА ИНСПИРАЦИЈА

Разговор со Ангелка Башеска, ликовна уметница од Прилеп која живее во Дубаи   По долгогодишно живеење и творење во Прилеп, Вие одлучивте да направите животен пресврт, да го напуштите родниот град и да му дадете нов облик на животот. Зошто? Основниот мотив беше да бидам со моите деца каде и...

Јанески: да ги спасиме изворите, Оревоец и водоснабдувањето на Прилеп!!! (ВИДЕО)

Кампот на „Спас за Прилеп“ неформалната група граѓани кои деноноќно стражарат во заштита на природата и единствените природни извори на Прилеп кај Оревоец добива помош и поддршка од Прилеп и цела Македонија. По спречениот обид камионите на Бехтел и Енка (со големо присуство на полицијата на 15 ти ноември)  да...

Победа во завршницата поразена од Скопје

Победа не успеа на свој терен да ја совлада екипата на Скопје во рамките на 15 тото коло од Втората македонска фудбалска лига. Скопје со три бода се враќа од Прилеп, откако во самиот финиш домашниот голман направи голема грешка и наместо да ја „боксува“ топката, тој ја фати со...