Разговор со писателот Маринко Кошчец на Саемот на книга во Скопје

Оригинален линк на написот: Text.mk

На 19 април (петок), со почеток во 18:30, на саемот на книга во Скопје ќе се одржи книжевен настан на кој ќе биде претставено творештвото на писателот и преведувачот Маринко Кошчец. Настанот ќе се одржи на штандот на издавачката куќа Антолог. Модератор на настанот ќе биде писателот Владимир Јанковски.
Маринко Кошчец (Загреб, 1967), дипломирал англиски и француски јазик и книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Магистрирал во областа на семиологијата на универзитетот Париз VII и науката за книжевност на Филозофскиот факултет во Загреб. Во 2005 година докторирал со делото „Поетиката на Мишел Уелбек. Наратолошка, стилистичка и контекстуална анализа на опусот“. Работи како вонреден професор на Катедрата за романистика на Филозофскиот факултет во Загреб.

Освен научни дела пишува проза, есеи и критички текстови, а преведува и од француски и англиски јазик. Одржувал работилници за креативно пишување и работилници за книжевни преведувачи. Ги објавил романите: „Остров под морето“ (1999), „Некој друг“ (2001, награда Меша Селимовиќ за 2002), „Wonderland“ (2003, награда ВБЗ 2003), „Тоа малку песок на дланката“ (2005), „На сантиметар од среќата“ (2008), „Четвртиот човек“ (2011), „Во потрага за почетокот на кругот“ (2016) и „Сами“ (2021).

Според критичарите, еден од најважните аспекти на творештвото на Кошчец е начинот на кој тој го третира јазикот во своите дела. На стилско и јазично ниво, неговите прози изобилуваат со креативни и умешни решенија, при што речиси секоја реченица во неговите дела може да претставува осмислена целина и надвор од дискурсот и контекстот во кој е напишана, а секое нејзино вадење од текстот ја нарушува прецизната структура на целината во која е поставена. Кошчец е јазичен мајстор, врвен познавач на динамиката и стилистичките можности на јазикот.

Настанот е дел од резиденцијалниот престој на Маринко Кошчец во Скопје, поддржан од Европската мрежа за превод и книги „Традуки“.

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Народен Театар Охрид слави 15 години постоење

Со двојна премиера на претставата “Оркестар титаник” од авторот Христо Бојчев, а во режија на Андреј Цветановски, Народниот театар од Охрид ќе прослави петнаесет години постоење како дел од центарот за култура “Григор Прличев” – Охрид. Актери кои играат во претставата се: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Верица Недеска, Филип Кипровски и Томе Станковски. Костимите и The post Народен Театар Охрид слави 15 години постоење first appeared on Text.mk.

Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности

Факултетот за ликовни уметности ја организира традиционалната 46. ЗАВРШНА ГОДИШНА ИЗЛОЖБА на студентските остварувања за академската 2025/2026 година на 3 јуни 2026 година (среда), во кампусот Педагошка, а на 5 јуни 2026 (петок) во Сули ан, со почеток во 20:00 часот. Пред публиката ќе бидат претставени дела на студентите од сите студиски програми на Факултетот The post Завршна годишна изложба на студентите од Факултетот за ликовни уметности first appeared on Text.mk.

„Младите доаѓаат“ со Македонската филхармонија

Традиционален концерт со учениците од Државните музички училишта во Македонија, насловен „Младите доаѓаат“ ќе се одржи в четврток со почеток во 20 часот.  Диригентка е маестра Бисера Чадловска, а ќе настапат Софија Михајловска – пијано ДМУ Битола (III година во класата на проф. Маја Божиновска), Јане Петровски – пијано ДМУ Битола (VIII одд. во класата на проф. Јана Четелева Белевска), Ива The post „Младите доаѓаат“ со Македонската филхармонија first appeared on Text.mk.