Хуманитарен натпревар во фудбал во ОУ „Крсте Петков Мисирков“ – Оризари

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Хуманитарен  натпревар во фудбал беше организиран вечерва во салата на ОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Оризари по повод патрониот празник на училиштето.

Фудбал играа наставници и ученици од една екипа и родители другата екипа.

Преку забава и дружење сите учесниција покажаа хуманоста на дело и донираа за поранешен ученик во ова училиште на кој поради здравствени причини му е потребна помош.

Сите одиграа еден интересен фудбалски натпревар во кој подобри се покажаа родителите, но на истиот не беше важна победата, туку дружбата и хуманоста.

Раководниот тим на училиштето упати благодарност до ФК „Младост Тошев“ од Оризари кој подари фудбалска топка на училиштето.

Учениците од ликовната секција насликаа преубав цртеж и го подарија на родителите во знак на благодарност за учеството и хуманоста.

Свечената академија по повод патрониот празник на училиштето ќе се одржи в петок на 15. ноември во 18 часот во спортската сала на училиштето, а цвеќе пред бистата на патронот ќе биде положено во понеделник на 18. ноември.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково организира традиционална Ловечка вечер

На 13 јуни 2026 година, во мотелот „Мерак“, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи традиционната Ловечка вечер во организација на Ловечкото друштво „Хантер“ – Безиково. Цената на влезницата изнесува 1.000 денари, а во неа се вклучени мешана зелена салата, ордевер, компир салата, богата вечера и десерт. За добрата атмосфера и забавата ќе бидат

Матурантите од Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура

Матурантите од двете средни училишта во Кочани денеска го полагаат првиот екстерен испит од државната матура. Испитот започна во 9 часот, а според информациите од училиштата, сите неопходни подготовки беа навремено завршени за негово непречено спроведување. Во СОУ „Љупчо Сантов“ на матурски и завршни испити  полагаат вкупно 132 ученици. Од нив, 129 ученици се пријавени

„Доста беше“ повикува на голема еколошка акција: Датумот ќе биде заеднички договорен со сите кои сакаат да учествуваат

Советничката група при Советот на Општина Кочани „Доста беше“ упати јавен повик до граѓаните, здруженијата, компаниите и институциите да се вклучат во заедничка работна акција за уредување на јавните простори во Кочани. Од „Доста беше“ велат дека и со малку време и добра волја може да се направи видлива промена во средината во која живееме,