Наводнителниот канал од источниот влез во градот Кочани е отворен без заштитна ограда и претставува опасност по живот ‼️

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Жителите на улицата „Марко Цепенков“ во Кочани, долги години се соочуваат со проблемот – неограден канал, при што стравуваат за безбедноста на своите деца и внуци дека може да пропадната во истиот.

Јордан Иванов за Радио Кочани вели дека реагирал многу пати кај сите надлежни институции, но од никого, до сега соодветна реакција немало.

Иванов упати апел до надлежните во најскоро време да излезат на терен и да ја решат настанатата ситуација со огллед на фактот дека минатите години неколку лица го имаат загубено животот, давејќи се во каналот.

Тој додаде, ако локалните власти не преземаат чекори за решавање  на проблемот, очекува поддршка од државните институции.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во ДК „Тошо Арсов“ во Виница вечерва проекција на филмот „Уште една игра“

Во кино салата на ДК „Тошо Арсов“ во Виница вечерва ќе се одржи проекцијата на филмот „Уште една игра“ (One More Game)на режисерот Ник Јансен. Филмот ја следи приказната за Мартин, 16-годишник од Чучер-Сандево кој сонува да стане професионален гејмер. Неговата страст за е-спортот го носи пред серија предизвици и избори – помеѓу соништата, пријателството

„Работнички“ и „Тиквеш“ закажаа меч во чест на Андреј Лазаров

Македонскиот фудбал ќе му оддаде почит на трагично загинатиот Андреј Лазаров. Една година по несреќата во Кочани, во која животот го загуби и поранешниот фудбалер на неколку домашни клубови, неговите поранешни екипи ќе одиграат натпревар во негова чест. „Работнички“ и „Тиквеш“ официјално потврдија дека ќе одиграат пријателски дуел е закажан на 29. март во Кавадарци, со

„Иноверс“ – виртуелна авантура за сите генерации!

Доживејte ја иднината на забавата со „ИНОВЕРС“ во Кочани! Конечно во градот е отворен единствениот VR гејминг центар „Иноверс“, место каде што виртуелната реалност станува вистинско доживување!  Уживајте во најновите VR игри, Испробајте реалистични симулатори – Формула, Плејстејшн и други возбудливи системи, Организирајте незаборавни родендени за вашите најмили!  Искористете го промотивниот период и подарете им на децата