Мицкоски: Консолидацијата на Комбинатот е зад нас, да работиме на развојот(ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

По назначувањето на новото раководство и новиот генерален директор на Тутунски Комбинат Прилеп, во посета на Цигарна фабрика во Прилеп денеска беше премиерот Христијан Мицкоски придружуван од Цветан Трипуновски, министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, градоначалникот Борче Јовчески и прилепските пратеници Дејан Проданоски, Петар Ристески, Билјана Кузманоска. Јавното приватно парнерство на Тутунски Комбинат со Филип Морис е воспоставено пред 10 години, со надеж дека соработката ќе продолжи и понатаму посочи Иван Костиќ, директор на Филип Морис Тутунски Комбинат АД Прилеп.

 

– Филип Морис Интернешнл пред 10 години го препозна потенцијалот во Македонија за едно вакво партнерство, кое што еве 10 години подоцна можеме да го видиме добробитот на тоа партнерство и каков успех постигнавме. Малку е познато дека Тутунски Комбинат Прилеп е меѓу најстарите, а можеби и најстара компанија во Македонија и таа оваа година слави 151 година од оснивањето. До толку ни е подраго што стратешкото партнерство меѓу Филип Морис Интернешнел и Тутунски Комбинат Прилеп овозможува компанијата да опстане, после повеќедецениските загуби кои што компанијата ги имаше, да застане на нозе. И ние денеска разговараме за компанијата која што веќе 5 години бележи добри резултати. Од друга страна фирмата која заеднички ја основавме Филип Морис ТКП исто така бележи одлични резултати и допринесува во македонскиот Буџет со преку 120 милиони евра годишно. Бевме во производниот погон каде што можевме да ги видиме инвестициите од последниве 2 години од 1 милион евра во новите производни капацитети и модернизација на машините, што овозможи зголемување на производните резултати не само за домашниот пазар, туку најважно и за извоз. Така што од минатата година можеме среќни да кажаме дека сме почнале да извозуваме од Прилеп, од производството кое што имавме прилика да го видите, производи на 9 пазари. Тоа се пазари, не само нашите регионални, туку и подалеку, а најаважно пазарите на Европската Унија. Зошто велам Европската Унија, затоа што регулативата за плаќање на акцизната стока во Европската Унија е доста стриктна, така што освен квалитетот кој што се произведува овде во ТКП, следењето на тие акцизни добра е нешто што секако мора да го следи. Последниве 2 години е зголемено производството во фабриката за повеќе од 60 %  и секако плановите се да се продолжи така.  Темелите на нашето партнерство се во производниот погон, да имаме адекватни производи, да имаме поддршка од соодветна работна сила и експертиза, посочи Костиќ посакувајќи му успех на новото раководство на Тутунски Комбинат Прилеп.

-Соработката на Тутунски Комбинат Прилеп и Филип Морис ќе направиме се’ да продолжи и во иднина. Има големи планови, се надевам дека ќе бидеме успешни во тој поглед, посочи Алексоски, новиот директор на Комбинатот.

Премиерот Мицкоски им се заблагодари на прилепските пратеници за заложбите кои ги прават за тутунарите  министерот и министерството на кои како што рече врвен приоритет им се тутунопроизводителите и сите земјоделци. Во однос на соработката со Филип Морис, Мицкоски очекува консолидацијата на Комбинатот да е минато.

– Очекувам овој период на консолидирање на Тутунскиот Комбинат Прилеп да е веќе позади нас. Состојбата од тоа што можев да видам е консолидирана. И очекувам во годините кои што следат повеќе внимание да посветиме на развојот, на нови инвестиции, на зголемување на производството, зошто да не овие 9 пазари, да не бидат 18 пазари. Тоа е она за кое што сите ние работиме и тоа е она што оваа Влада ќе даде безусловна поддршка, и очекувам овие услови да бидат дел од нашата заедничка соработка и во иднина. Многу е направено, многу е постигнато во овие години, состојбата е консолидирана, ајде сега сите заедно да работиме на развојот. Тоа е она што е наш приоритет, рече Мицкоски во врска со посетата и правецот за идна соработка  со Филип Морис.  

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В четврток, по шести пат „Љубење со стихови“ во Прилеп

В черврток на 13 ноември, од 19.30  часот во фоајето на Центарот за култура  „Марко Цепенков“ во Прилеп, ќе се одржи шестото издание на поетско-музичкиот  перформанс „Љубење со стихови“ на поетот Филип Димкоски и поетесата Лина Димоска. Како и во претходните изданија, поетите ќе рецитираат дел од песните кои го...

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...