Трипуновски: висината на тутунските откупни цени се дефинирани

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Тутунскиот откуп може да започне најрано од 18 ти ноември, в понеделник, доколку компаниите се подготвени за старт, ова го посочи ресорниот министер Цветан Трипуновски, при денешната посета на Тутунски Комбинат Прилеп. Годинава се склучени договори за откуп на 26 илјади тони тутун, од 16 800 земјоделски стопанства во Македонија:

– Согласно проекциите од теренот и комуникацијата од земјоделските здруженија оваа година се очекува реколтата да биде за над 10% потешка од минатогодишната, односно од 16 до 17 илјади тони. Очекуваме дека ќе има одличен квалитет оваа година сите 10 компани, односно пријавени 298 откупни пункта ширум Македонија, односно 305 пријавени ваги. Законскиот рок е 15 ти ноември, а бидејќи е во петок и поделбата на лиценците, најраниот рок за почеток е 18 ти ноември, а најдоцна согласно Законот за тутун е 15 ти декември.  

На новинарско прашање во однос на барањата за зголемување на откупната цена  министерот посочи дека присуствувал на состанокот на потсекторската група за тутун во рамките на министерството. Дали ќе има промена во висината на цената и субвенциите?

– Се разговараше за почетокот на откупот на тутун, за квалитетот и квантитетот кој што може да се очекува оваа година, за делот од законските измени кои што ќе важат веќе за наредната година, тоа е  во фаза на преговарање. Во делот на цените кои што се по класи, тие знаете дека се дефинирани со самото склучување на договорите, првата класа е 375 ден, втората е 300, третата е 240 денари, и дополнителната 115 денари.

Она што јас можам да го ветам како министер е дека заедно со Земјоделскиот инспекторат како надлежна институција во делот на контролата и следливоста на откупот на тутун ќе бидеме максимално фокусирани, затоа што навистина на земјоделците треба вистински да им се вреднува трудот и тоа нормално да биде исплатено. Како новина, знаете дека оваа година во делот на дополнителната поддршка се воведува и исплата на по единица површина, односно дополнителни 6 илјади денари за единица хектар кои што ќе ги добие секој тутунар кој што го пријавил своето производство од реколта на 2024 г. Висината на субвенциите останува иста: за прва  класа 80 денари, втора 70 и трета 60 денари за кгр тутун.

На новинарско прашање за почетокот на тутунскиот откуп, Александар Алексоски генералниот директор на Тутунски Комбинат Прилеп посочи дека компанијата е целосно подготвена за откупот:

– Имаме подготвени 26 откупни центри, што непречено можат да го започнат откупот уште утре. Законскиот рок за почнување на откупот е од 15 ти ноември до 15 ти декември, што значи дека сите откупни центри заклучно со 15 ти декември ќе бидат отворени.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

РК Прилеп испушти шанса за победа

Натпреварoт во првото коло од вториот круг натпревари во Суперлигата на Македонија, помеѓу ракометарите на Тинекс Пролет и екипата на Прилеп, заврши со реми  (23-23) . Причепчани можеа и да го загубат мечот, но на само осум секунди пред крајот на натпреварот успеаа да донесат  еден бод во Прилеп. Интресно...

Жена фатена како кради во маркет во Прилеп

Вчера во 10.50 часот во маркет на ул. „Борка Талески“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода М.К.(38) од прилепско. Таа била затекната при вршење на кражба во маркетот. Украденото е одземено и вратено на сопственикот. По документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Откупот закочи – клуч се повисоки цени !!! (ВИДЕО)

Претставниците на Сојузот на тутунски здруженија на иницијатива на ресорниот министер Трипуновски, одржале состанок со претставници на откупните компании по најавата на откупувачите дека ќе го зголемат интензитетот на откуп. На средбата тутунарите им предочиле дека реколтата не е потешка од 16 милиони кгр и дека проценката на откупувачите е...