На Балканијадата во Сараево – Сребро и бронза за Филип Стојанов

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Филип Стојанов, каратист на „Партизан“ од Кочани, го освои второто место и сребрениот медал во кумите (борби) за натпреварувачи до 21 година на Балканското првенство во карате што се одржа викендов во Сараево, Босна и Херцеговина.

Во екипна конкуренција, кумите – јуниори,  пак, како дел од состав на репрезентацијата на Македонија, Стојанов дојде до третото место и брознзениот медал.

Во пединечниот настап, во неговата конкуренција имаше 48 каратисти. Стојанов оствари четири победи: против претставниците на Турција, Црна Гора, Романија и БИХ, но во финалето доживеа минимален пораз од 2: 1 и остана без „злато“.

Како дел од јуниорскиот репрезентативен состав во кумите, Филип Стојанов, двапати победи, во триумфот на Македонците над БИХ од 3:1 и во поразот од Црна Гора од 2 : 3 .

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Марш на ангелите“ во Скопје, родителите со порака до сите граѓани

В сабота на 15. ноември, родителите на жртвите во пожарот во дискотека „Пулс“ најавија дека уште еден протестен „Марш на ангелите“, кој наместо во Кочани ќе го одржат во Скопје. Почетокот на маршот е закажан за 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што ќе продолжи пред Собранието и пред Основниот кривичен суд Скопје. Нашите

„ТИТАН Усје“ обезбеди генератор за Општата болница со проширена дејност – Кочани

Во насока на поддршка и унапредување на услугите за граѓаните, ТИТАН Усје обезбеди генератор за Јавната здравствена установа Општа Болница Кочани. Генераторот ќе обезбеди непречено да се извршува здравствената дејност во оваа институција, што е од огромно значење. Истовремено ќе придонесе за подобрување на ефикасноста во работењето, во интерес на граѓаните од овој регион. Донацијата

Ванчо Митев во Зрновци и Митко Костадиновски во Виница ја презедоа функцијата градоначалник на општините

Денеска во Општина Зрновци беше извршено официјалното примопредавање на функцијата градоначалник. Досегашниот градоначалник Борчо Коцев му ја предаде должноста на новоизбраниот градоначалник Ванчо Митев, кој во наредните четири години ќе раководи со Локалната самоуправа на Зрновци. Примопредавањето помина во коректна атмосфера, со изразена подготвеност за континуитет во реализирањето на проектите од интерес за граѓаните на