Општина Кочани апелира да престане палењето на стрништата – оваа штетна навика што се применува врз земјоделските површини е опасност по човечките животи и материјалните добра

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Општина Кочани апелира да престане палењето на стрништата – оваа штетна навика што се применува врз земјоделските површини е опасност по човечките животи и материјалните добра и е казнива.
Палењето на стрништата носи долгорочни последици. Со согорувањето на органската материја се загадува воздухот и се емитуваат стакленички гасови кои се главни причинители за климатските промени. Се уништува целиот жив свет на земјоделските површини, како и корисната материја којашто претставува органско ѓубриво; се разнишува биолошката рамнотежа, се загадуваат површинските и подземните води.
Противпожарните интервенции на запалените стрништа претставуваат дополнителен товар на општинскиот буџет.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Започна долгоочекуваната реконструкција на улицата „Цар Самоил“ во Кочани…

Долгоочекуваната реконструкција на улицата „Цар Самоил“, започна од денска. Изведувач на работите е компанијата „Стоименов“ која на јаваната набавка ја дала најповолната понуда. Додека траат градежните активности, учесницте во сообраќајот да ја почитуваат поставената патна сообраќајна сигнализација. Инаку, улицата беше една од најоштетените во Кочани.  

Виничко Кале – Четириесет години откако Балабанов и соработниците ги пронајдоа теракотните икони

 Овој месец теракотните икони од Виница „наполнија“ 40 години откако се откриени на Виничкото Кале. Во месец јули 1985 Музејот на Македонија ги прави првите заштитни археолошки ископувања на Калето над Виница. На простор од 25 м2  откриени се 22 цели и повеќе фрагментирани икони. Раководител на истражувањата е д-р Коста Балабанов, а дел од екипата

Кафе бар ПИКАДИЛИ вработува келнери и шанкери

ПИКАДИЛИ КАФЕ БАР вработува келнери и шанкери со претходно работно искуство. Информации на телефон : 071 996 990 или во Кафе барот во Трговски центар.