Известување од КЈП „Водовод“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

КЈП „Водовод“ Кочани ги известува сите граѓани на Општина Кочани, своите корисници, правни и физички лица од Општина Кочани и населените места, дека денес 06.11.2024 година (среда) од страна на граѓанските активисти беа пропуштени само специјалните комунални возила за отпад на КЈП “Водовод” Кочани да го депонираат отпадот од Општина Кочани на Градската депонија.

При денешната акција за изнесување на натрупаниот комунален отпад од територија на Општина Кочани, од страна на КЈП „Водовод“ Кочани се изнесени 32 тури со комунален отпад. Специјалните комунални возила за изнесување на отпад во текот на денот изминаа 457 километри и собраа и депонираа 312 кубни метри отпад на Градската депонија.

По завршување на работните активности од страна на Секторот комунална хигиена за изнесување на комуналниот отпад на Градската депонија беше ангажиран економскиот оператор за машинско третирање на дотурениот отпад и негово затрупување со земја.

КЈП „Водовод“ Кочани во соработка со Општина Кочани набави соларни панели за осветлување и видео камери на соларна енергија за видео надзор и активно работи на нивно целосно поставување и ставање во функција на соодветни места во Градската депонија.

КЈП „Водовод“ Кочани ги известува сите граѓани на Општина Кочани дека утре 07.11.2024 година (четврток) е планирано перење на подземните и надземните контејнери на територија на Општина Кочани со раствор од микроорганизми за дезинфекција на поголем дел од местата предвидени за депонирање на комунален отпад, па поради тоа КЈП „Водовод“ Кочани упатува апел до учесниците во сообраќајот да не го попречуваат пристапот до контејнерите со своите моторни возила.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема

По речиси шеесетина години во Центарот за култура „Бели мугри“ пристигна новата современа ласерска и мобилна кино-опрема од реномирани производители од САД, Јапонија и Австрија во вредност од 1 2000 000 денари, набавена со финансиската донација од Агенцијата за електронска комуникација. Директорката Габриела Стефановска за Радио Кочани посочи дека во наредните денови ќе следува тест

Кочанчанец нападнат во угостителски објект…

На 12.02.2026 во 09:50 часот во ОВР Кочани, М.Џ.(19) од Кочани пријави дека во угостителски објект во Кочани, Џ.Ш. од Кочани го нападнал со метален предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Возел во алкохолизирана сосотојба, полицијата му го одзела возилото

На 12.02.2026 во 15:59 часот на ул.„Тодосие Паунов“ во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишија од слобода Г.Т.(31) од с.Оризари, кочанско. Според пријавата,  при контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со кочански регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол,