Во Зрновци успешно реализиран проектот „Бесплатен пап-тест и ехо преглед за жените во руралните средини“

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
Со извршени прегледи на околу 200 наши сограѓанки во општина Зрновци во соработка со Црвен крст-Кочани, а со подршка на Министерството за здравство во соработка со Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство, Македонската Асоцијација на Гинеколози и Опстетичари-МАГО , а поддржани од УНФПА во текот на месец Октомври и првата недела од Ноември успешно се спроведоа активности за бесплатен ПАП тест и абдоминален ехо преглед за жени.
Ова се активности во процесот на превенција и рана дијагноза на рак на грлото на матката кај жени. Прегледите беа спроведувани од страна на медицинкси тим на гиниколози од Скопје.
Здравствената заштита на нашите сограѓани треба да претставува приоритет на секоја Локална самоуправа.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Комуналните претпријатија во Виница и Кочани дел од петгодишен проект за модернизација и ефикасност

Јавните комунални претпријатија во Виница, Кочани и Берово ќе бидат опфатени со нов петгодишен регионален проект насочен кон зајакнување на нивната ефикасност, отпорност и финансиска стабилност. Проектот „Отпорни и ефикасни комунални претпријатија во МК“ е поддржан од Владата на Швајцарската Конфедерација преку Државниот секретаријат за економски прашања (SECO), со грант од 6,5 милиони швајцарски франци

Кривична пријава за 37-годишник од Виница по напад врз малолетник о

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Виница поднесе кривична пријава против Г.Н. (37) од Виница поради сомнение дека сторил кривично дело „насилство врз дете“. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 16 април годинава во Виница, пријавениот физички нападнал малолетник од градот. По преземените мерки и документирањето на случајот, против осомничениот е поднесена соодветна кривична

SPAR – Вработува продажен персонал во Кочани – Станете дел од најголемото семејство, Мој СПАР, Мој избор !!!

Време е за голем чекор напред! Најголемиот меѓународен синџир маркети СПАР, конечно пристигнува  и вработува во Кочани. Дали си подготвен за нешто навистина големо? Стани дел од нашиот тим и искористи ги гигантските можности за гигантска кариера во СПАР. Нудиме одлична работна атмосфера, сигурни примања и реална шанса за професионален раст. Твојата гигантска иднина почнува