Проекција на филмот „На се доаѓа крај“ во киното Мис Стон

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во кино Мис Стон, утре,  среда (6.11.2024) во 19.00 часот прилепчани и љубителите на филмот ќе имаат можност да ја погледнат прекција на филмот „На се доаѓа крај“.

Во филмот „На се доаѓа крај“, се говори за Макс Пинтер, успешен адвокат од Загреб, кој успева да ги отфрли обвиненијата против неговиот клиент за двојно убиство. богатиот и моќен бизнисмен ДинкоХорват.На прославата,Макс е пијан и му кажува на Динко дека ладнокрвно ги убил работниците, кои што дошле да прашаат за своите плати. Соочувањето со еден од столбовите на општеството го прави Макс непожелна личност, тој го губи својот партнер и клиенти, а неговата сопруга го напушта. Со својата девојка од универзитетските денови, Нина, започнува мисија за одмазда. Од друга страна, никој во оваа приказна не е целосно невин и сите се тесно поврзани.

ИграатJеленаЃокиќ, ЖивкоАночиќ, БорисИсаковиќ, Јанко Поповиќ Волариќ, Емир Хаџихафисбеговиќ, Ксенија Маринковиќ, МаринаРеџеповиќ, ПетреАрсовски.

Влезници на билетарницата од киното среда од 10 до 12.00 часот и еден час пред проекцијата на филмот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерва Прилеп почнува да живее со театарската маѓија – започна 60-то јубилејно издание на МТФ „Војдан Чернодрински“

Под мотото “Храбриот нов театар“  и тематика “ Кризата на човекот во опшеството и кризата на опшеството во чеовекот“ , вечерва,  со претставата “Мачкина глава“ од Венко Андоновски, во режија на Дејан Пројковски на Драмски театар од Скопје, започна  60 јубилјено издание на македонскиот театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“. Фестивалот започна...

(ФОТО-ВИДЕО)🌄Природата – инспирација за модна креација🥻Trash Fashion модна ревија во СОУ Ѓорче Петров

На светскиот ден на животната средина, денеска во дворот од СОУ ” Ѓорче Петров” се одржа модната ревија Trash Fashion на тема “Природата – инспирација за модна креација”.  Со овој настан учениците покажаа дека материјалите и облеката кои често ги сметаме за отпад можат да добијат нов живот. Учествуваа 20...

Ристески: Исплатата на субвенциите за тутун до средината на јуни, нема поврат на субвенциите за 2024 та

На тутунарите до средината на јуни ќе им бидат исплатени субвенциите за предадено производство за реколта 2026/27, а производителите кај кои биле констатирани неправилности за 2024 та во пријавувањето на површините за засаден тутун исто така ќе добијат субвенции, најави Киро Ристески, претседател на Сојузот на тутунски здруженија. „Тутунопроизводителите кои...