Прилеп конечно доби проект за нов театар

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Градот на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“, градот со речиси осум децениска традиција на официјален театарски ансамбл и програма, градот кој преживеа неколку предизборни ветувања за изградба на нов театарски објект  – конечно доби проект за нов дом на Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп. По идејното решение изготвено пред повеќе од 6 години, изготвен е проект за чија реализација беа потребни 3 години.

Новиот дом на прилепските актери ќе биде во НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп, а проектот опфаќа реконструкција со доградба и наградба на Центарот за култура со обезбедување на простор за театар со две гледалишта, кино сала и подземен паркинг простор. При тоа, на 45 години од постоењето на објектот од Центарот за култура планирана е негова реконструкција, така што станува збор за 2 одделни проекти, посочи Марија Попова Јованоска, ВД директор на  НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп под чија надлежност функционира и Народниот театар „Војдан Чернодрински“ Прилеп.

„Всушност станува збор за два одделни проекти, а тоа е по барање на надлежните од Министерството за транспорт и врски. Првиот проект е основен проект за реконструкција на објектот на „Марко Цепенков“, објектот значи кој останува, а вториот проект е основен проект за доградба и надградба на основен проект. Тоа е проектот кој се доградува – Театарот „Војдан Чернодрински“. Реконструкцијата на објектот на НУЦК „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на содржинско збогатување и функционално редефинирање на просторот како и подобрување на постоечката физичка состојба на просторот и замена на дотраените материјали и техничка опрема, со што имаме оформување на просторот во кој и публиката и вработените ќе се чувствуваат комфорно и безбедно. Додека пак доградбата и надградбата на објектот на Центарот за култура „Марко Цепенков“ Прилеп се однесува на обезбедување на комплетно нов простор кој ќе биде наменет како театар во склоп на Центарот за култура со тоа што се отстрануваат просторните целини од постоечкиот објект, рече Јованоска на прес конференција, рече Јованоска додавајќи дека двата дела ќе функционираат како една содржинска целина со можност во иднина тие да функционираат како засебни целини.

Од Министерството за транспорт и врски се чека одобрение за градба. Следен чекор е да се обезбедат финансиски средства за реализација на проектите. За двата проекти се од Центарот за култура „Марко Цепенков“ се обратиле до Министерството за култура и туризам за да обезбедат финансиски средства за реализација и да ги одобрат во годишната програма за изградба на нови објекти и реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти кои националните установи ги користат за 2025 година. На одговорот за финансиски средства треба да се причека. Потребни се околу 18 милиони евра за изградба на новиот театар, а пак околу 9 милиони евра за реконструкција на Центарот за култура „Марко Цепенков“.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Силјановска свикува Совет за безбедност – државниот врв на итна седница утревечер

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по извршените консултации, за утре (1 март 2026 година) закажа седница на Советот за безбедност. Како што информираат од Кабинетот на претседателката, седницата ќе се одржи во Вила Водно со почеток во 18 часот. На дневен ред ќе биде безбедносната состојба во земјата, во контекст на најновите...

Откупот заврши, започнува новата реколта

Денеска заврши законскиот рок за откуп на тутунот. Откупната кампања започна на 18 ноември 2025 та фактички траеше 3 и пол месеци, но практично за 30 тина денови беше откупен најголемиот дел од ланската реколта. Во ек на преговори и утврдување на новите цени за годинешната реколта претставниците на тутунарите...

Во сообраќајка на патот Прилеп-Македонски Брод тешко повреден малолетник

Во сообраќајката која се случила ноќеска на патот Прилеп-Македонски Брод учествувале два автомобила од Девреште, тешко е повреден малолетниот сопатник: Од полицискиот билтен на СВР Битола и информацијата за приведени двајца прилепчани: