Отворен 18. Саем на книгата Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Од 4 до 9 ноември во организација на Јавната општинска установа библиотека „Искра“, под мотото „Сакам бистар ум – затоа читам“, се одржува 18. Саем на книгата во Кочани.

Саемот го отвори градоначалникот на Општина Кочани Љупчо Папазов.

– Со овој традиционален културен настан градиме култура кон читањето и во овој век на дигитализација и брз техничко-технолошки напредок книгата, сепак останува во мода – истакна Папазов. Цитирајќи го нобеловецот Ернест Хемингвеј градоначалникот ги повика младите што повеќе да бидат со најлојалниот пријател – книгата.

На овогодишниот Саем на книгата во Кочани се претставуваат 13 издавачки куќи, кои на кочанската читателска јавност ѝ нудат познати и нови наслови од најразлични жанрови.

Гостинка на настанот беше познатата македонска авторка Фросина Пармаковска, која во непосредна, пријатна атмосфера разговараше со присутните за творечкиот книжевен процес и за создавањето на ликовите во нејзините дела.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

За прв пат во Спанчево се одежа Бадникова поворка

Денес на овој голем христијански празник во с.Спанчево над 120 дечиња го најавија Христовото раѓање со пеење на Вечниот Бог. Поворката започна од црквата св.Архангел Михаил и се упати до главниот влез на селото (кај кружниот тек), каде што дечињата беа пречекани и им беа поделени Библии за млади од свештеникот Стојанчо Јанев, подарок добија

ООУ „Климент Охридски“ – Облешево: Честит Бадник и за многу години!

Честит Бадник, и за многу години! Голем број на православни верници излегоа на улиците во Облешево да ја поздрават Бадниковата поворка ,која годинава за првпат во организација на ООУ Климент Охридски Облешево и свештениците од МПЦ поминаа, и со пеење на песната Вечниот Бог од грлата на дечињата пренесе пораки за мир и соживот во

Дечињата во Грдовци го најавија Христовото раѓање

Дечињата денес создадоа празнична атмосфера и расположение низ улиците во Грдовци најавувајќи го со песната “Вечниот Бог” утрешниот празник Божиќ, денот на Христовото раѓање. Поворката во која учествуваа околу 60тина деца, тргна од Црквата Света Троица, се движеа низ улиците низ селото и заврши во црквата каде им беа поделени пакетчиња. Ги имаше од сите