Со Златен Даб наздравуваме за машкото здравје!

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Со брендот Златен даб  Прилепска пиварница годинава повторно се приклучува кон глобалното движење „Мовембер“, преку кампањата „На здравје, за машкото здравје“. Целта на кампањата е подигање на свеста за редовна и навремена грижа за машкото здравје.

Кампањата ги поттикнува мажите да се приклучат кон познатата кауза растејќи мустаќи како симбол на машкоста и да се едуцираат за начините на самопрегледување и рана детекција на болести кај машката популација. Со секој купен Златен даб консументите се приклучуваат кон иницијативата на Прилепска пиварница за донација што ќе биде наменета за набавка на медицинскa опрема за потребите на Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп, во износ од 600.000 денари.

„Веќе неколку години по ред гордо го следиме континуитетот во градењето на општествената одговорност преку нашиот бренд Златен даб, преку истакнување на важноста за водење поголема грижа за машкото здравје. Преку нашата кампања ‘Мовембер’ апелираме за поголема свесност кај мажите за вршење редовни прегледи и рана детекција на евентуални заболувања што навремено можат да се надминат. Кампањата ја спроведуваме во месец ноември во рамките на глобалните иницијативи за грижа за машкото здравје под името ‘Мовембер’, а кои имаат за цел едукација,  навремено информирање и свесност за вршење на потребните лекарски прегледи. Преку донацијата за Одделот за урологија во Општата болница во Прилеп, ние им даваме поддршка и на здравствените институции, кои е неопходно да бидат функционални и во целосен сервис за да имаме што помалку заболувања и што поздраво население“, изјави Сашко Самарџиоски, генерален директор на Прилепска пиварница.

Прилепска пиварница како дел од ова глобално движење поставува позитивен пример за активизам и солидарност, ја подигнува свесноста за машкото здравје и апелира за редовна посета на лекар поради превенција од болести.

Ги повикуваме сите пивски ентузијасти и поддржувачи на движењето „Мовембер“ да се приклучат кон акцијата и да наздрават за машкото здравје, соопшти Прилепска пиварница.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги...