Општина Кочани го повика Доброволното противпожарно друштво – Кочани да се вклучи во 24-часовното обезбедување на Градската депонија во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

По иницијатива на Општина Кочани, а со цел итно да се одговори на потребата од постојано обезбедување на Градската депонија во Кочани, утрово градоначалникот Љупчо Папазов и секретарот Драган Ананиев остварија средба со претставници на Доброволното противпожарно друштво – Кочани.

– Имајќи ја предвид актуелната состојба, а врз основа на капацитетите со кои располага Кочани, решивме да му понудиме на Доброволното противпожарно друштво да се вклучи во обезбедувањето на Градската депонија во Кочани, со тоа што ќе ја преземе третата смена од чуварската служба. Доброволните пожарникари досега покажаа посветеност, ажурност и претставуваат значајна алка во граѓанскиот сектор на Кочани. Очекуваме да го прифатат предлогот и овојпат да бидат силна поддршка на КЈП „Водовод“ во решавањето на еколошкиот проблем со кој се соочува Кочани – информира градоначалникот Папазов.

За вклучувањето на Доброволното противпожарно друштво во обезбедувањето на Градската депонија во Кочани, ќе бидат издвоени средства од општинскиот буџет, надомест за ангажманот на доброволните пожарникари.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Голем зимски попуст во бутик „Angels“ – Побрзајте!

Голем попуст во бутик „Аngels“! Од 30 до 50 проценти намалување на целиот зимен машки и женски асортиман, како и на свечената гардероба. Одлична можност за обновување на стилот по значително пониски цени. Количините се ограничени – побрзајте! Бутик „Анgels“, ГТЦ, во близина на Големиот паркинг во Кочани.

Супер Кит Го и Кит Го – Паметен избор за секојдневен пазар!!!

Кога квалитетот и добрата цена се најважни – изборот е јасен. Супер Кит Го и Кит Го Кај нас ќе пронајдете свежи производи, разновиден асортиман и секојдневни акции што навистина се исплатливи . Пазарувај брзо, лесно, во пријатна атмосфера и со љубезна услуга. За твојот дом, за твоето семејство, за секој ден. Супер Кит Го

Амфенол вработува Сетер – ABR Bernd-Richter

Моментално имаме потреба од 1 (едно) ново вработено лице за работно место: Сетер – ABR Bernd-Richter REGISTER NOW Одговорности и задачи: Потребни квалификации: Вашите апликации ги очекуваме најдоцна до 29.01.2026 година по електронски пат на: job@amphenol.mk или директно во канцеларијата на оддел за човечки ресурси со назнака: Сетер – ABR Bernd-Richter ·Ќе бидат контактирани само