Годишна изложба на Друштвото на ликовни уметници Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ на 2 ноември /сабота/ од 18.30 ч. , ќе биде отворена изложба на дела од уметници, членови на ДЛУП. Ова е годишна изложба на која со свои дела ќе се претстават 20 уметници, членови на ДЛУП.

            -Уметниците ќе презентираат дела изработени во најразлични техники, материјали и форми. Публиката ќе има можност да види слики, скулптури, графики, односно творби кои се создадени во текот на годинава. Изложбата е традиционална и е дел од годишната програма на друштвото и е поддржана од Министерството за култура и туризам – вели Методи Исков, претседател на ДЛУП.

Изложбата е во рамките на одбележувањето на 3 – ти Ноември, Денот на ослободувањето на Прилеп.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

„Храбриот нов театар“ – мото на јубилејното 60 издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп

Театарот сам по себе треба да е став, гласен, надвор од секоја кутија, од секоја комфор-зона. Затоа и мотото е тоа: Храбриот нов театар! Или Надвор од кутијата! Или ако одиме уште поактивно – Театар без молк – свет без рамнодушност! Како сериозен театарски фестивал, не смееме да дозволиме општата...

Џабе апелите од МВР да се вози внимателно – Возел 104 км/час на место ограничено на 50 км/час

На улицата „Карпалак“ во Прилеп несовесен возач во саботата попладне возел со неверојатни 104 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 50 км/час, извести прилепската полиција. Неодамна МВР упати апел до граѓаните да возат внимателно, затоа што стапката на смртност во сообраќајни несреќи во Македонија е...

Прилеп добива директна комуникација со градоначалникот – Проданоски започнува средби со граѓаните

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, најави нова иницијатива за директна комуникација со граѓаните преку редовни, отворени средби што ќе се одржуваат секој четврток од 10:00 часот во просториите на општината. Како што соопшти Проданоски, секој жител на Прилеп ќе има можност лично да разговара со градоначалникот и да ги...