Апел за целосно отстранување на блокадата кон Градската депонија во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Општина Кочани упатува апел до граѓаните и здруженијата коишто го блокираат патот кон Градската депонија во Кочани, целосно да ја отстранат блокадата за да може КЈП „Водовод“ непречено да врши транспорт и  депонирање на комуналниот отпад.

Натамошната блокада на патот ќе придонесе за создавање нов еколошки проблем – затрупување на градот во ѓубре и појава на епидемиски заболувања во Кочани.

……
Линк кон видео од состојбата на Градска депонија – Кочани на 31 октомври 2024 г. –  работа на механизацијата од конзорциумот „Бехтел и  Енка“
https://we.tl/t-n6GX6eoY1D

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

( видео) Прва самостојна изложба на Ангела Ајтовска – „Калингвистика“ пред публиката во Кочани

Ангела Ајтовска, некогаш ученичка во Училиштето за цртање и сликање на ЦК „Бели мугри“ со кое раководи Александра Димитрова, сега веќе дипломиран калиграф и графички дизајнер, магистер во својата струка, синоќа во Националната установа од Кочани ја имаше првата своја самостојна изложба, насловена „Калиграфска“. Изложбата, всушност, претставува збирка што содржи различни стилови на калиграфија од

Утре кочанските жолто-сини го играат најважниот натпревар во сезоната !

Утре, фудбалскиот клуб Осогово ќе го игра најважниот натпревар во сезоната. Во бараж дуел за опстанок во Втората македонска фудбалска лига, Осогово ќе се соочи со екипата на Шкендија од Арачиново. Натпреварот ќе се одигра во Кавадарци, каде што ќе се решава иднината на клубот. По сите предизвици што клубот ги помина оваа сезона, ова

Меѓународен ден на Власите

Власите во земјава денеска го одбележуваат својот национален празник 23 Мај, кој  со Законот за празници од 2007 година е и државен празник и неработен ден за припадниците од влашката заедница. Со одлука на Лигата на Власите и другите влашки граѓански здруженија, во 1991 година овој ден е прогласен за Национален ден на Власите од целиот свет.