Технологијата во служба на негување на традицијата (ФОТО+ВИДЕО)

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Интервју со Филип Јовески, ликовен уметник од Прилеп

Добитник сте на првата награда за фотографија, видео и мултимедија на Остен Биеналето 2024. За каква награда станува збор и што значи таа за Вас?

Првата награда за фотографија, видео и мултимедија е највисоката награда која Остен биенале ја доделува. Да се добие оваа награда во конкуренција од 273 уметници од 51 држава од целиот свет, за мене претставува голем успех и ми носи големо задоволство, особено кога ќе се земе во предвид фактот дека поактивно се вклучив во областа на визуелната уметност пред само 2 години.

Честа со која ме удостои интернационалното жири е уште поголема, затоа што делата со кои се претставив беа комбинација и сублимација на сите мои интереси и пасии, тргнувајќи од визуелната уметност и архитектурата па се до дигиталното сликарство, анимациите и 3д моделирањето.

Се надевам дека освојувањето на оваа престижна награда ќе отвори нови врати за мене како мултимедијален интрадисциплинарен уметник и дека ова е само почетокот на она што следува понатаму.

Кој е насловот на награденото дело и кажете ни нешто повеќе за делото, за идејата, пораката и реалзиацијата на истото.

Станува збор за серија од 3 дела насловени „Живи артефакти” – пресек, основа и детаљ соодветно. „Живите“ артефакти претставуваат код, симбол и дестилација на надредени концепти и идеи, направени врз основа на лично искуство во областа на визуелните уметности, архитектурата, културното наследство, скулптурата, анимацијата и видео уметноста. Делата се отелотворени во различни медиуми (класични и дигитални) и потоа претставени со помош на AР (аугментирана реалност) технологија. Трансмутацијата се случува кога аналогното уметничко дело направено со традиционални класични техники на сликање (акрил, масло, туш, пастел и тн) се трансформира во дигитално, бинарно и ефемерно дело. Во истиот момент, двете дела ги гледаме паралелно на истото место, надредени, но во сосема различни реалности (физичка и виртуелна). Во тој момент, визуелниот код се претвора во дигитален код кој, пак, се претвора во информација која е визуелна и аудитивна. Инспирацијата ја пронајдов во нашето богато материјално и нематеријално културно наследство и мотивите на народните носии, тема која претставува непресушен извор на инспирација за креирањето на моите дела.

Вие сте и архитект, дизајнер и ликовен уметник. Колку архитектурата и дизајнот влијаат врз создавањето на Вашите дела?

Поднасловот на наградените дела го дава одговорот на ова прашање. „Мултимедијалните трансдисциплинарни уметнички дела” претставуваат токму тоа –  симбиоза и вкрстување на различните дисциплини (архитектура, дизајн, анимација) кои се дел од моето секојдневие. Еден од моите омилени процеси на креирање претставува изнаоѓањето на нови начини на кои би можел различни техники и материјали од една дисциплина да ги превземам и потоа да ги имплементирам целосно или делумно во веќе востановениот начин на креирање во друга дисциплина. Ваквиот начин на создавање овозможува откривање на нови начини за експресија и експериментирање.

Сте живееле и во странство, а сега живеете, работите и твоирите во Прилеп. Дали Прилеп нуди доволно простор за уметничко креирање?

Просторот за уметничко креирање секаде е ист. Доколку имате желба, инспирација и идеја, може да создавате било каде. Но доколку зборуваме за презентацијата и промоцијата, Прилеп како град не нуди големи можности, особено кога станува збор за малку посовремени начини на креирање и презентација. Луѓето сеуште имаат предрасуди и страв кога станува збор за мешањето на уметноста и технологијата, особено доколку треба интерактивно да се вклучат во процесот на набљудување на уметничките дела.

Во кои уметности сакате да уживате како гледач и уживател, а не како творец?

Ги сакам сите фини уметности, но би рекол дека во музиката и танцот особено уживам. Танцот претставува неразделен дел од моето постоење и моето минато, па затоа кога гледам како некој танцува, целото мое тело вибрира во ритамот на музиката. Неразделливиот меѓусебен однос кој го имаат музиката и танцот се рефлектира во ритамот на мојот живот и во начинот на кој успеваат да разбудат и разбрануваат широк спектар на емоции длабоко во мене.

 

 

Разговорот го водеше:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

ФК Големо Коњари е шампион во Третата лига -Југ и влегува во второлигашкото друштво

Тимот Големо Коњари од идната сезона ќе се натпреварува во вторлогигашкото друштво.  На едно коло пред крајот има 7 бода предност пред Превалец од Велес и со тоа ти се прваци- шампиони   на првенството од Третата лига – Југ. Првата  прославата беше предпладнево во Дреново, Кавадаречко,при доделувањето на пехарот пред...

Половина македониски градови утрово без струја, меѓу кои и Прилеп

Два часа прилепчани останаа без струја ова утро. Околу 5 часот до 7 часот, прилепчани беа без струја, а некаде еден некаде, два часа снемало струја и во Скопје, но и во  Битола, Охрид, Штип, Струмица, Кочани, Крушево, Кичево, Гевгелија и Куманово. Според МЕПСО, државната компанија за пренос на елетрична...

Прилепски угостител им точел алкохол на малолетници

Угостител, чии објект е во централното градско подрачје, дозволил малолетници да пијат алкохол. По полициска контрола по 24 часот било утврдено дека малолетници конзумирале алкохол. Синиоќа, (17/18.05.2025) , полициски службеници од ОВР Прилеп извршија контрола во угостителски објекти во централно градско подрачје на Прилеп.Тие удрвдиел  точење на алкохол на малолетни...