Промоција на нова книга за деца од Лина Димоска

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

В сабота на втори ноември, вечер пред Денот на ослободувањето на Прилеп,  од 17 часот, во кафулето Арт кафе во Прилеп, ќе се одржи промоција на книгата со раскази за деца „Мачорот Тане“ од прилепчанката Лина Димоска.

Ова е прво објавено дело за деца од Димоска, која досега има неколку книжевни објави за возрасни.

Идејата за делото „Мачорот Тане“ се роди во една септемвриска квечерина, по предлог на мојот пријател. Патем, мачорот Тане дури и навистина постои. Тоа е мојот домашен мачор кој во една година живот помина низ еден куп згоди и незгоди. Издвојува битка против тешка болест, а со самото тоа ми покажа дека и животните го сакаат животот и себеси, исто како луѓето.“- вели Димоска

Книгата ја илустрираше Калиопи Трпчева, а ја објави издавачката куќа Светулка од Скопје.

Во рецензијата кон „Мачорот Тане“ рецензентот Филип Димкоски пишува дека станува збот за книга со раскази која се одликува со едноставност во раскажувањето и со модереен и современ наративен стил кој и е допадлив на младата читателска публика.

Секој расказ завршува со некаков заклучок и поука кој несомнено ќе се втисне до детското срце и мозоче доколку се чита со внимание и со разбирање, па и со помош на родителот или наставникот доколку е потребно. Овие раскази дури и повикуваат на разговор по прочитувањето на секој одделно. Убаво би било да се препрочита заклучокот и родителот или наставникот да поразговара со детето околу содржината, заклучокот и поуките што можат да се извлечат, но и да се применуваат во секојдневието“-пишува Димкоски во рецензијата кон книгата.

Од издаваштвото појаснуваат дека ова дело има за цел да ги поттикне децата да практикуваат позитивни и правилни форми на однесување. Да ги почитуваат различните од нив, да ги сакаат другарчињата, да ги слушаат и да не ги лажат своите родители, од најмали нозе да почнат да се грижат за околината и животните

На промоцијата во Прилеп, за книгата ќе зборува Звонко Димоски, а предвидени се промотивни настани и во други градови низ Македонија.

 

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали. “Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на...

Панел дискусија за спортот

Утре, (сабота 28 февруари)  во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот – Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување; – Снешка...

Концерт на групата My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST

Иницијативата за Инакунезависна култура „500 денари рекет“ понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST. Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч. My Tear...