Бербата привршува, се подготвува тутунската откупна кампања

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Производната сезона тешко започна под неповолни временски услови, но останува уште малку време за прибирање на реколтата, велат тутунарите задоволни што периов им одат во прилог топлите есенски денови. Она што сега е актуелно се подготовките за претстојниот откуп. Договорите за актуелната реколта се потпишани со лански цени: 375 ден. за прва класа, 300 за втора и 260 ден. за трета класа. Тутунарите бараат повисоки цени. Годинава има 10 компании кои имаат добиено лиценци, оствариле бонитет за откуп на тутун, кои најавуваат отворање на поголем број откупните ваги.

„Оваа реколта други ја договараа. Еве дојде ние да ја решаваме. Но мислам дека со успех ќе ја решиме. Од како го добивме овластувањето за застапници, за бранители на тутунарите, воспоставивме контакти со сите откупувачи. Дискутираме за цената, ние не сме задоволни од овие цени и тутунопроизводите. В понеделник имаме средба со министерот за земјоделство, водостопанство и шумарство Цветан Трипуновски кој е добар познавач на теренот и на тутунот. Мислиме дека ќе најдеме разбирање да договориме повисока цена. Се’ со цел да го задржиме производството на тутун и да ги задржиме младите да го работат тутунот. Поради тоа што статистиката говори дека тутунот го работат луѓе кои се над 55 години старост. За жал тие нема да ја задржат оваа гранка на производство,“ вели Кире Ристески, агроном инжинер, новиот претседател на Сојузот на тутунски здруженија – официјален претставник на тутунопроизводителите во преговорите со откупувачите и ресорното министерство.  

Тутунарите се надеваат дека поволните временски прилики есенва ќе овозможат потежок род кој што е со одличен квалитет.

„Годинава пролетва беше многу влажна, немаше добри услови да се посадат нивите. Потоа имаше голема суша. Сега со промената на времето, малку од малку ќе се подобри состојбата. Инаку очекувавме мала количина, дури и помалку од ланската. Ќе има мало зголемување од 20 до 30 %, но не драстично. Не сме задоволни со оваа цена. Се надеваме дека ќе постигнеме цена од која ќе бидат задоволни и тутунарите и ние како Сојуз,“ вели Јусуф Ибраими, село Житоше, долненско.

Во тек се и полагањата за добивање на лиценци за повереници и проценители кои годинава ќе бидат вкупно 80.  Проценките на Сојузот се дека годинава родот ќе тежи околу 17 милиони кгр тутун. Според договорите планирани се 26 милиони кгр. Процедурите за заверка на мострите треба да заврши најдоцна до 15 ноември, кога може да започне преземањето на реколтата. А тоа и годинава најмногу ќе зависи од коригираните цени

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилеп на Локалните избори со 11 кандидатски листи за советници, 297 кандидати и со 9 кандидати за градоначалници

Во Прилеп се поднесени 11 кандидатски листи за советници од кои три се од независнита, а останатите 8  од политички партии. Група избирачи- Борче Чупетрески Група избирачи Страшо Наумоски Група избирачи – Ванчо Спиркоски Коалиција за локални избори 2025 година – СОЦИЈАЛДЕМОКРАТСКИ СОЈУЗ НА МАКЕДОНИЈА-СДСМ Политичка партија Левица Македонска Ера...

Граната од  Првата светска на патот Прилеп-Битола

На 17.09.2025 во 15:00 часот во СВР Битола, О.П. пријави дека на патот Прилеп-Битола, под подвозникот кај с.Лознани, пронајдена е стара граната. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за граната од  Првата светска војна со калибар 105 мм.

(ВИДЕО) Екслузивно за Радио Пела : Нова ера во професионалниот бокс во земјава

Полека но сигурност се загрева атмосферата во пресрет на најголемиот профи настан во земјава .Simfonija Boxing Night , боксерски спектакл кој на едно место ќе го собери „кремот“ во регионалниот професионален бокс.27ми септември , сала Симфонија , Ново Лагово.Ексклузивно за нашиот медиум , дел од подготвителниот период за оние боксери...