РК Прилеп со победа се врати од Струга

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На гостувањето кај екипата на Струга ракометарите на Прилеп ја забележаа третата победа во Суперлигата,  со 31-34 (14-17). Во рамките на 9 тото коло натпреварот меѓу Струга и Прилеп изобилуваше го голема борба.  Кај Прилеп, Давид Трајкоски го заврши мечот со десет реализации, а исто толку постигна и Филип Пајкоски од Струга.

Сега Прилеп има седум бода на табелата и останува со шанси за пласман во плеј-оф фазата, додека Струга остана на четири бода. Следното 10 то коло Прилеп настапува на домашен терен в недела со екипата на  РК Бисинов Фруит Ленд.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Прилепски средношколец освои бронза на Олимпијада за вештачка интелигенција

На Интернационалната олимпијада за вештачка интелегенција, во Љубљана, од 200 ученици, двајца средношколци од Македонија покажаа врвен успех и освоија медали. “Натпреварувачи Благој Рујаноски Стојаноски од гимназијата “Мирче Ацев” од Прилеп и  Андреј Ангелов од Математичко информатичката гимназија од Скопје  освоија бронзен медал„, со гордост соопшти на својот профил на...

Панел дискусија за спортот

Утре, (сабота 28 февруари)  во 13.30 часот, во фоајето на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп, Комисијата за спорт на СДСМ организира панел-дискусија на тема „УДАР ВРЗ СПОРТОТ“. Панелисти се неколку македонски спортисти и познавачи на спортот – Панче Милевски – Панта, дипломиран тренер и професор по физичко и здравствено воспитување; – Снешка...

Концерт на групата My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST

Иницијативата за Инакунезависна култура „500 денари рекет“ понуди уште еден настан од својата годишна програма, овој пат концерт на скопската група My TEAR со локална поддршка од прилепскиот бенд SIDE QUEST. Концертот ќе се одржи на 28 февруари 2026г во кино салата Мис Стон со почеток во 21.00ч. My Tear...