Целовечерен концерт на ансамблот „Стефче Стојковски“ во Прилеп

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 25 октомври со почеток од 19 часот во големата сала на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп, целовечерен концерт ќе одржи  виртуозниот инстументалист Стефче Стојковски заедно со неговиот ансамбл за народни инструменти и песни.  Гости на вечерта ќе бидат членовите на Октет Прилеп и културно-уметничкото друштво „Моминок“.

Виртуозот на изворни народни инструменти Стефче Стојковски, љубовта кон народните инструменти ја добил од неговите дедо и татко, долгогодишни членови на традиционални фолклорни ансамбли. На седум години почнал да свири на кавал, а на девет ја имал првата аудио снимка. Во 1997 година формира свој ансамбл на народни инструменти и песни „Стефче Стојковски“. Во над триестгодишната кариера има издадено повеќе аудио и видео материјали, а работи и на филмска музика. Љубовта кон фолклорот на Стевче Стојковски му ја всадиле неговите дедо и татко кои исто така свиреле на народни инструменти и биле дел од фолклорните ансабмли.

Тие ме учеа уште од дете да знам што е наша македонска традиција и што значи за нас свирењето на изворни инструменти. Ми ја пренесоа љубовта кон своето, музиката, песната, орото кои не одржале со векови и се симбол на нашиот ентитет и културен идентитет-раскажува Стојковски.

Своевремено бил и најмладиот победник на Фестивалот на народни песни и игри “Пеце Атанасовски” во село Долнени. Љубовта кон музиката но и талентот подоцна му овозможиле да учи и да ги совладува свирачките вештини и на други народни изворни инструменти.

Како млад и талентиран инструменталист Стефче имал можност да настапува на сите познати фестивали во Македонија но и поранешна Југославија.Но, вели дека со тоа имал и можност да учи и соработува со повеќе врвни музичари и инструменталисти, а посебно го издвојува незаборавниот гајдаџија Пеце Атанасовски.

Чичко Пеце Атанасовски е еден од моите први учители и тоа ми претставува посебна чест и задоволство и на некој начин сум благодарен за сето она што тој го остави за нас и идните генерации. Токму јас и го заменив во Народниот оркестар на МРТВ-вели Стојковски.

За своите настапи Стефче има добиено и повеќе награди и признанија меѓу кои и наградата во Јужна Кореја од УНЕСКО за зачувување и негување на традицијата и културата.

Влезот на концерот е бесплатен.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

МЕТЕО АЛАРМ: СЛЕДУВААТ ПОРОЈНИ ДОЖДОВИ СО ГРМОТЕВИЦИ И СО ВЕТЕР Ќе врне во цела Македонија, локално до 30 литри на квадрат

Продолжував врнежливото време Во Прилеп наврнаа 5 литри дожд на метар квадратен ,а најмногу дожд во изминатите 12 часа до 19 часот вечерва наврнаа во Охрид  и тоа 34 литри на метар квадратен дожд. Времето утре ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најавува Управата за хидрометеоролошки...

(видео) Херој од секојдневието со срце поголемо од страв

Приказната започнува кога девојката случајно поминувала тука, на улица Кузман Јосифоски Питу. И, го здогледува кученцето во напуштента куќа кое било заглавено во прозорецот. Иако теренот не бил пристапен, љубовта кон животните ја натерало на овој  несекојдневен херојски потег . Во момент на опасност, кога сè висеше на конец, таа...

На Митровден се верува дека се претскажува каква ќе биде зимата

Денеска се празнува големиот празник Св.Димитрија или кај народот познат како Митровден. За овој ден постојат низа верување. За Митровден се верува дека се предскажува каква ќе биде зимата. Ако денот е сончев, наводно зимата ќе биде блага, со исклучително малку студени денови. Ако на Митровден падне снег, се верува...