ГФК “Осогово“ до ФФМ : Судиите Гелов и Илиоски непожелни во Кочани

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
ГФК Осогово ја информира јавноста дека Влатко Илиоски од Прилеп во својство на главен судија и Ангел Гелов во својство на четврт судија со намера и свесно, крајно непрофесионално дури и неетички му нанесоа голема штета на ГФК Осогово, но и на реномето и кредибилитетот на Судиската федерација при ФФМ.

На вчерашниот првенствен фудбалски натпревар од Втората лига во Кочани помеѓу ГФК „Осогово“ и „Арсими“ главниот судија Илиоски на директно барање на четвртиот судија Гелов додели втор жолт картон за чист старт на нашиот млад фудбалер Михаил Николов.
Судијата Илиоски покажа зачудувачки ниско ниво на личен интегритет и професионален дигнитет со тоа што дозволи Гелов да му наложи да даде картон за старт на што бурно реагираше без исклучок целата публика на градскиот стадион „Никола Мантов“.
Да биде небулозата поголема Илиоски повторно на барање на Гелов веднаш за приговор на неправедото казнување на фудбалерот Николов му покажа директен црвен картон на Спирко Златков кондицискиот тренер на ГФК „Осогово“. Односот на Гелов кон стручниот штаб на ГФК „Осогово“, но и кон навивачите беше најблаго речено понижувачки и навредлив.
Овие два настани внесоа силна доза на нервоза и го променија текот на натпреварот на резултат 1:1.
Кочани и „Осогово“ годинава гордо и достоинствено одбележуваат 100 години фудбал во Кочани.
 Кочанската фудбалска публика важи за одмерена и гостопримлива со висока култура на почит кон гостите и судиите. Кочани во својата понова историја не памети фудбалски инцидент во кој од домашни фудбалери или навивачи биле нападнати судии или гостински играчи.
Тоа е под нашето ниво на урбано и фудбалско живеење. Ние се гордееме со нашата мирољубивост и почит кон спортските ривали. Ние го почитуваме и практикуваме фудбалот како витешка игра во која противникот се почитува, а победата се слави џентлменски, но и поразот се прима достоинствено.
 А за нашата навивачка култура и почит потврдаонтинуирано даваат и љубители на фудбалот ширум Македонија.
Но токму заради нашата фудбалска историја и реноме во оваа прилика мора да ја информираме фудбалската јавност, а воедно и раководните и надлежни структури во ФФМ и во Судиската организација дека судиите Гелов од Кавадарци и Илиоски од Прилеп повеќе не се пожелни на натпревари кои ГФК Осогово ќе ги игра на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани.
И доколку во иднина повторно бидат делегирани нашиот клуб ќе бара нивно изземање.
Воедно на фудбалерите и стручниот штаб на „Арсими“ им ја честитаме вчерашната победа.
Со почит,
ГФК Осогово, Кочани
20 октомври 2024 година

Текстот %%POSTLINK%% е превземен од %%BLOGLINK%%. 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела нова организирана потрага по исчезнатиот дедо Јане од Јастребник

По неколкудневните неуспешни обиди за пронаоѓање на исчезнатиот дедо Јане од селото Јастребник, за в недела, 7 јуни 2026 година, е закажана нова организирана потрага. Собирот на учесниците е предвиден во 6 часот наутро на Градскиот плоштад во Кочани, од каде ќе се упатат кон теренот. Во потрагата ќе се вклучат припадници на МВР, Територијалната

ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига

Екипата на ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе настапува во Првата женска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот во Ѓорче Петров со 7:3 го совлада „Билјанини Извори“ од Охрид. Охриѓанки одлично го отворија мечот и по само осум минути водеа со 2:0 со головите на Јулчовска и Николовска. Сепак, Кочани преку Милеска и Донева израмни

Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час. Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август. Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога