РК Прилеп на домашен терен не успеа да ги освои бодовите од Тиквеш

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Од самиот почеток Тиквеш имаше водство, и тоа во текот на целиот меч. Прилеп немаше сили да направи пресврт, ниту пак да им се приближи на гостите. Тиквеше во 8. коло од Суперлигата славеа на гостувањето кај Прилеп со 28-32.Томислав Квастек постигна шест гола за Прилеп,а кај гостите Димитар Коцев со шест гола беше предводникот на гостинската екипа.

Гостите одиграа подобро прво полувреме, па по триесет минути игра имаа предност од три гола 12-15. Во вториот дел успеаја да го исконтролираат мечот и да стигнат до конечмиот триумф , 28-32.

Прилепчани по петти пат заминуваат како поразени. Моментно Прилеп е на осмата позција на табелата од Супер лигата.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Во Прилеп и Крушево спроведени засилени контроли за почист воздух последната седмица од јануари

Девет општини доставиле извештаи за реализирани активности за периодот од 27ми до 31 јануари 2025 година во Министерството за животна средина и просторно планирање согласно обврските од Акцискиот план со краткорочни мерки за чист воздух за грејната сезона 2024-2025 г.   Секоја општина: Охрид, Битола, Штип, Тетово, Прилеп, Гази Баба,...

(ВИДЕО)Тошеска: услугата „Помош и нега во домот“ станува дел од системот за социјална заштита

Здружението Центар за развој и едукација склучи управни договори со градоначалниците од трите општини Прилеп, Долнени и Кривогаштани за обезбедување и унапредување на услугата „Помош и нега во домот“. Иницијативата се спроведува со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади, и со тоа оваа услуга ќе дел од...

Деветтото издание на филмскиот фестивал Winter apricots започнува утре

Од утре до 8 февруари во Прилеп, ќе се одржи деветтото издание на Интернационалниот филмски фестивал Winter apricots. Воведен настан на фестивалот е денешната промоција на книгата „Авторските политики во филмските адаптации“ од Ана Опачиќ, што ќе се случи во фоајето на НУЦК „Марко Цепенков“ од  18.00 часот. Утре пак,...