Македонско – бугарска стопанска комора – Одржано редовно Годишно собрание

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk
БИЗНИС БЕЗ ГРАНИЦИ побараа членките на МакедонскоБугарската Стопанска Комора на своето
редовно годишно Собрание одржано во Скопје. Постои голем интерес кај компаниите од двете

земји за инвестирање, имаме постојан, значителен раст на трговската размена меѓу Република
Северна Македонија и Република Бугарија. Со подобрување на условите кои треба да гиобезбедат
нашите држави има простор за уште поголем раст на инвестициите од компаниите членки на
нашата комора и тоа треба да го ставиме во функција на развој на правните субјекти од двете
држави, смета Претседателката на МакедонскоБугарската Стопанска Комора, Биљана Митева.
Компаниите членки на комората даваат свој придонес за подобрување на бизнис климата и
отстранување на политичките бариери меѓу двете држави, за уште поуспешно деловно поврзување
на бизнис секторот.
На Собранието се обрати и амбасадорот на Република Бугарија во Република Северна Македонија,
Н.Е. Жељаско Радуков, каде изрази недвосмислена поддршка за подобрувањето на економската
размена меѓу двете држави и укажа на важноста на поврзувањето на луѓето и бизнисите од двете
земји.
Собранието на МакедонскоБугарската Стопанска Комора ја одобри програмата за работа за
периодот 2024/2025, беа усвоени извештаите за 2023/2024, а беа избрани и нови членови на
Управниот и Надзорниот Одборна МБСК.
На редовното годишно Собрание на МакедонскоБугарската Стопанска Комора присуствуваа и
претставници на дипломатскиот кор во Република Северна Македонија.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Вечерна богослужба и храмова слава во чест на Света Троица во село Мородвис

Со молитва, духовна радост и присуство на голем број верници, во храмот посветен на Света Троица во село Мородвис свечено беше одбележана храмовата слава. Прославата започна со вечерна богослужба, на која присуствуваа жители на селото, верници од околните населени места и гости кои традиционално доаѓаат да го споделат овој значаен духовен празник. Во молитвена атмосфера,

Четврт век спомени – генерациска средба по повод 25 години од матурата

По повод одбележувањето на 25 години од матурирањето, учениците од генерацијата 1997-2001 година од гимназијата СОУ “Љупчо Сантов” Кочани организираа свечена генерациска средба, која ги обедини некогашните соученици, професори во атмосфера исполнета со емоции, спомени и радост. По четврт век од последното заедничко училишно ѕвонче, матурантите повторно седнаа на иста маса, потсетувајќи се на деновите

Tри медали за К.Б.К. „Лидер“ од Балканското првенство во Нови Сад

Нов успех за виничкиот спорт и Кик-бокс клубот „Лидер“ на меѓународната сцена. Како дел од македонската кик-бокс репрезентација, натпреварувачите од клубот остварија забележителни резултати на Балканското првенство што се одржа во Нови Сад, Србија. Ева Јанкулова го освои сребрениот медал во својата категорија, Лука Савев исто така се закити со сребрен медал, додека Филип Велинов