Лице барано со потерница претепал малолетник од Кочани, а по приведувањето нападнал и полицаец

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 15.10.2024 во 08.45 часот во Кочани, полициски службеници од ОВР Кочани го лишиле од слобода В.З.(24) од Кочани затоа што физички нападнал малолетник од Кочани и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија, а откако бил приведен во полициска станица физички нападнал еден од нив.

По преземени мерки било утврдено дека тој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на казната.

 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

В недела нова организирана потрага по исчезнатиот дедо Јане од Јастребник

По неколкудневните неуспешни обиди за пронаоѓање на исчезнатиот дедо Јане од селото Јастребник, за в недела, 7 јуни 2026 година, е закажана нова организирана потрага. Собирот на учесниците е предвиден во 6 часот наутро на Градскиот плоштад во Кочани, од каде ќе се упатат кон теренот. Во потрагата ќе се вклучат припадници на МВР, Територијалната

ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе се натпреварува во Првата женска фудбалска лига

Екипата на ЖФК „Кочани“ и следната сезона ќе настапува во Првата женска фудбалска лига, откако во бараж натпреварот во Ѓорче Петров со 7:3 го совлада „Билјанини Извори“ од Охрид. Охриѓанки одлично го отворија мечот и по само осум минути водеа со 2:0 со головите на Јулчовска и Николовска. Сепак, Кочани преку Милеска и Донева израмни

Угостителите во летниот период можат да работат секој ден до 1 часот по полноќ

Угостителските објекти  во текот на летниот период имаат продолжено работно време за еден час. Согласно важечките прописи, рестораните, кафулињата и останатите угостителски објекти можат да работат до 1 часот по полноќ секој ден во неделата, а оваа можност важи заклучно со 31 август. Продолжувањето на работното време е практика која се применува во периодите кога