Граѓани на Кочани со предлози учествуваа на јавната расправа за креирање на буџетот на Општина Кочани за 2025 година

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Синоќа, во салата на Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа јавна расправа за прибирање предлози од граѓаните за креирање на Буџетот на Општина Кочани за 2025 година.

На консултативната средба, граѓани, претставници на урбани и месни заедници и на институции говореа за потреби за реализација на инфраструктурни проекти: водоводна, атмосферска и фекална канализација, општински патишта и улици, јавно осветлување и предлози од други надлежности на единицата на локалната самоуправа определени со закон. Беа истакнати потребите од изградба на Старечки дом, ново решение за Градскиот пазар, изградба на јужен булевар, на пристапни улици…

Секретарот на Општина Кочани Драган Ананиев го истакна значењето на учеството на граѓаните во креирање на Буџетот за следната година и изрази благодарност за соработката.

До 18 октомври граѓаните своите писмени предлози можат да ги достават и во електронска форма на е-адресата: info@kocani.gov.mk или преку Едношалтерската канцеларија на Општина Кочани (со назнака: за јавен повик за предлог-проекти  за развојни програми од делот на инфраструктурата, комунални работи, урбанистичко планирање и сл.), додека предлозите од областа на спортот, културата, социјалната заштита и сл. можат да се достават најдоцна до 20 ноември 2024 година.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Koчанчанец вработен во казино од благајната си земал 332.330 денари

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против В.С.(43) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“. Според пријавата, на 01.07.2025 година, пријавениот како вработен во подружница на казино во Кочани, од благајната одзел и присвоил 332.330 денари. По документирање на случајот, против него е поднесена соодветна кривична пријава. објави Скопје1.мк

Кочанка пријавила семејно насилство: Сопругот физички го нападнал малолетниот син

На 26.02.2026 во 10:40 часот во ОВР Кочани,41-годишна жена од Кочани пријавила дека на 24.02.2026 околу 19:00 часот, нејзиниот сопруг Т.М. физички го нападнал нивниот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Игор Џамбазов – Децата во Кочани ги убија наши неодговорни луѓе, од алчност, корупција и незнаење…

Со силни зборови и емотивен настап, Игор Џамбазов ја коментираше трагедијата во дискотеката „Пулс“, прашувајќи јавно: „Кој ги уби тие деца?“ „Наши неодговорни луѓе. Луѓе-нелуѓе. Тоа е новиот фашизам, луѓе. Нахранет со алчност, корупција и незнаење“, рече Џамбазов, оценувајќи дека трагедијата е симбол на системска негрижа и морален пад. Во својот говор тој потсети дека