Денеска ООУ „Никола Карев“ го одржа новогодишниот базар, кој привлече голем број посетители. На настанот беа изложени новогодишни производи изработени од учениците, а празничната атмосфера беше збогатена со забавна програма, со настап на училишниот хор, маскоти и диџеј. Директорот на училиштето, Александар Андов, истакна дека ваквите активности ја поттикнуваат креативноста и заедништвото кај учениците и
Штипјанец од куќа во Кочани украл паричник со пари, документи и банкарска картичка, па картичката ја дал на свој сограѓанин, кој заедно со кочанчанец со неа од банкомат повлекле вкупно 90.000 денари. Сакале да земат уште пари, но банкоматот го спречил последниот обид. Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднела кривична пријава против О.С.А.(41) од
Владата донесе одлука за изработка на основен проект за изградбата на експресниот пат Кочани – Делчево, со што се отвора ново поглавје во унапредувањето на сообраќајната инфраструктура во Источна Македонија. По изработката на проектот, наредната година се очекува веднаш да стартуваат и градежните активности. Проектот, кој има стратешко значење за регионот, треба да обезбеди значително