Кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во „Стришани“ е небезбеден за учесниците во сообраќајот

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

Според возачите – кружниот тек лоциран на улицата „Димитар Влахов“ во Кочани, е небезбеден за учесниците во сообраќајот.

Причина за тоа е слабата прегледност на возачите кои се вклучуваат од улицата „Стево Теодосиевски“ кон сообраќајницата на „Димитар Влахов“.

Исто така, според нив и оние кои се движат од улицата „Димитар Влахов“, неможат да ги видат оние кои се наоѓаат на „Стево Теодосиевски“.

Непрегледно е во текот на денот, а управувачите на моторните возила во вечерните часови се ориентираат според светлата на автомобилите.

Решението според  нив е, кога веќе неможат да се отстранат објектите кои пречат на видливоста на возачите,  е да се постави сообраќајно огледало или евентуално други сообраќајни помагала кои делумно би ги олесниле маките на учесниците во сообраќајот.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Кога градоначалникот е избран во приот круг на гласање ? Во кој случај изборите за градоначалник не се успешни ?

Изборниот законик вели: Во првиот круг од гласањето за градоначалник е избран оној кандидат кој добил мнозинство гласови од избирачите кои гласале, доколку на изборите излегле една третина од вкупниот број на избирачи запишани во изводот од Избирачкиот список за соодветната општина. Доколку во првиот круг од гласањето за избор на градоначалник на општината, односно

До 11 часот во Кочани излезеноста изнесува 9, 91 %, споредено со Парламентарните избори лани, гласале 1585 избирачи помалку

До 11 часот на Локалните избори што се одржуваат денеска, во Општина Кочани своето избирачко право го искористиле 3215 граѓани од вкупно запишаните во Избирачкиотсписок 32 446 . Односно излезеноста изнесува 9, 91 %. Податоците се добиени од Општинската изборна комисија. Доколку овие Локални се споредат со Парламентарните избори што се одржаа минатата година, што

Во Кочани гласале 131 болни и немоќни лица од пријавени 135

Во пресрет на првиот круг од Локалните избори што ќе се одржат утре, недела, своето право на глас, денска го остварија болни и немоќни лица. Според податоците од Општинската изборна комисија во Кочани, вкупно 135 болни и изнемоштени лица претходно беа пријавени за гласање од дома. Од нив, 131 лице го искористи своето избирачко право,