Тешка сообраќајка близу Кочани меѓу автобус и комбе, има повеќе повредени

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

На 11.10.2024 околу 06.50 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на експресниот пат Штип – Кочани, атар на Кочани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ивеко“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од О.М.(49) од Штип и возило комбе „фолксваген“ со штипски регистарски ознаки, управувано од З.С.(57) од Штип.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Л.П.(63) и Д.П.(40), двајцата од Штип, сопатници во комбето, додека со телесни повреди се здобиле возачот З.С. и сопатниците од неговото возило З.П.(62), Т.П.(30), Ј.С.(53) и малолетник, сите од Штип, констатирани во Клиничка болница Штип. Увид на местото извршила екипа од ОВР Кочани.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Отворен новиот „Супер Кит Го“ во Кочани – Супер маркет со СУПЕР акции!

  Големиот синџир маркети „Супер Кит Го“*денеска го отвори својот најнов маркет – лоциран на Градскиот плоштад, веднаш до зградата на Општина Кочани. Уште од првите часови по отворањето, голем број купувачи го посетија новиот објект, каде што ги пречека модерен, простран и функционален простор, како и љубезен персонал подготвен да помогне во секој момент.

ЦК „Бели мугри“ – Фолклорниот ансамбал „Мугри“ од денеска e на Фестивалот „Коло без граници“ во Тиват

Фолклорниот ансамбл „Мугри“ на НУ ЦК „Бели мугри“ од Кочани веќе е во Тиват, Црна Гора, каде  денеска, 20 -ти август, започнува Меѓународниот фолклорен фестивал „Коло без граници“, чиј организатор е КУД „Бока“ од Тиват. Членовите на ФА “Мугри” ќе настапат на два концерти со по две кореографии. На првиот концерт ќе се претстават со сплетот

В недела ќе се одржи Меморијалниот планинарски марш „Стамен Каровски“

В недела, 24 август 2025 година, Планинарскиот спортски клуб „Осогово“ од Кочани, во соработка со Општина Кочани, го организира третиот Меморијален планинарски марш „Стамен Каровски“, во сеќавање на својот починат член, планинар и другар.   Учесниците на маршот ќе се искачат на врвот Панаѓур во близина на Пониква, на Осоговските Планини, на 1669 метри надморска