ВЕЧЕР СО РОДОЉУБИВА ПОЕЗИЈА ВО ГРАДСКАТА БИБЛИОТЕКА

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во ЈОУ Градска библиотека „Борка Талески“ во Прилеп, синоќа, со почеток од 18 часот, се одржа „Вечер со родољубива поезија“ во организација на библиотеката и на Клубот на литературните творци-Прилеп, а по повод празникот 11 Октомври.

Во присуство на претседателката на Советот на Општина Прилеп,  Ирена Стерјоска Локвенец, претставници од Локалната самоуправа, директори на институции, ученици и мноштво љубители на поезијата, настанот го отвори директорката на библиотеката Андриана Ристеска.

Натаму, за значењето на 11 Октомври, кусо предавање одржа историчарот Горјан Василевски. Со поетски творби со родољубива содржина се претставија дваесетина членови на Клубот на литературните творци од Прилеп, а со музички точки настанот го разубавија учениците од Музичкото  училиште „Ордан Михајлоски-Оцка“ под менторство на наставниците Марија Јанчулеска, Мендо Ташкоски, Александра Ивановска-Ангелова и Весна Станкоска.

Настанот го водеше Филип Димкоски кој прочита три песни од македонските поетски великани Гане Тодоровски, Блаже Конески и Михаил Ренџов кој почина вчера и кому со едноминутно молчење на присутните му беше оддадена почит.

Овој настан е во рамките на свечената програма по повод одбележувањто на празникот 11 Октомври.

Известува:  Филип Димкоски

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Уште еден медицински подвиг: Денеска успешно изведена втора операција на рбет во прилепската болница

 Денеска е изврешена уште една  успешно операција на рбет во прилепската болница. Овој успех претставува значаен чекор во развојот на домашната здравствена пракса и потврда за високите стандарди на во прилепската болница. Операцијата беше реализирана од Д-р Игор Мерџановски, во координација со колеги од Клиниката за ТОАРИЛУЦ, тимот од Одделението...

Жена се фрлила од балконот од четврти кат од зграда во нас.Точила

Утрово, околу 10,3о часот, според очевидци, жена на возраст на 60/70 години се фрлила од балконот од нејзиниот стан, на четврти спрат, во зграда во нас.Точила Екипата на итната медицинска помош Прилеп, констатирале смрт на самото место, а од Основнот Јавното обинителство во Прилеп, при разговор со обинителот  Ствече Биноски,...

Во Кривогаштани планирани прекини на ел.енергија

Петок, ќе има прекин на ел, енергија, во Кривогаштани,информираат од ЦУК-Прилеп Информација за планиран прекин на електрична енергија на ден 26.12.2025 година е дека од 09:00 до 15:30 ќе  преини на дел од улиците: Ул. “Едвард Кардељ“ (ЕЛС  Кривогаштани), Ул. „Маршал Тито“ (ЕЛС Кривогаштани), Ул. „Браќа Мацаноски“( ЕЛС Кривогаштани), а...