В сабота, саем на земјоделски производи во организација на ЛАГ АГРО ЛИДЕР

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

Во пресрет на 15ти Октомври Меѓународниот ден на руралните жени Здружението за рурален развој Локална Акциона Група АГРО ЛИДЕР организира Саем на земјоделски производи на 12ти октомври, сабота, 2024 година, со почеток во 10 часот во старата чаршија, кај Градскиот Саат во Прилеп. Овој настан ја промовира улогата на жените од руралните средини за зачувување на традицијата, обезбедување на добра храна за сите, како и градење на одржливи рурални заедници. Манифестацијата традиционално промовира изобилството на производи и деликатеси од овошје и зеленчук по традиционална рецептура. За најмладите обезбедено е едукативно катче, а ќе има забава и дружба за сите генерации. 

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Маж во Прилеп нападнат од неговиот син и внук

Повторно семејно насилство во Прилеп, маж пријавил во полиција дека бил нападнат од синот и внукот:

Во недела по 13-ти пат – „Кrali Marko Trails” – трки за незаборав со митски и духовни мотиви

Над 300 учесници од 17 земји ќе земат учество на 13-то издание на „Krali Marko Trails” несекојдневен авантуристички но и спортски настан исполнет со многу предизвици за самите учесници.Околу 40 волонтери ќе помагаат при самото одржување на настанот  како и членовите од прилепскиот извиднички одред  Феникс.Околу здравјето и безбедноста на...

Проданоски: Прилеп станува големо градилиште за да се разубави

Градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски, во гостување во емисијата „Програма на градови“ на Македонска телевизија истакна дека општината прави огромни напори за „ослободувањето на стопанството во градење“. Во моментов во Општина Прилеп се извршуваат градежни активности на повеќе локации во градот. Со реализацијата на овие два проекти, предвидено е североисточниот дел од...