Полициски службеник нападнат откако ги фатил како крадат дрва

Оригинален линк на написот: Radiopela.mk

На 09.10.2024 кај место викано „Поводеници”, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Ѓ.И.(32) и И.Ќ.(31), двајцата од Прилеп.

Тие биле затекнати со две возила натоварени со дабови дрва за кои не поседувале документација. Притоа, тие физички нападнале еден од полициските службеници и со нивното возило го оштетиле службеното полициско возило. Дрвната маса е одземена и предадена на шумска полиција за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Се бара дванаесетгодишно девојче кое од синоќа се оддалечило од домот

Од синоќа е изчезнато дванаесетгодишно девојче , а полицијата презема мерки за пронаоѓање На 23.08.2025 во 02:00 часот во ОВР Прилеп, А.Т.(37) од Прилеп пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка Р.Т.(12),. Таа и  претходно неколку пати се оддалечувала од домот на родителите и била враќана назад . Се...

При претрес во дом полицијата пронашла марихуана кај девојката

Синоќа (22.08.2025)  во 22:30 часот во Прилеп , полициски службеници од ОВР Прилеп ја лишиле од слобода И.П.(22) од Прилеп. При претрес во нејзиниот дом, извршен со наредба од Основен суд Прилеп, била пронајдена марихуана. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на настанот против неа ќе...

Во прекин сообраќајот Кривогаштани -Прилеп

Сообраќајот на регионалниот пат Р-1306 Кривогаштани-Прилеп, денеска и утре ќе биде во прекин од 09.00 до 12.00 часот поради одржување на меѓународен натпревар во ФИС ролер-ски натпревар-Тодор Проевски. Сообраќајот, како што информираат од АМСМ ќе се одвива преку алтернативни патишта.