ТППЕ – Кочани: Апел за навремено чистење на оџаците – во спротивно казните изнесуваат од 500 до 2.500 евра

Оригинален линк на написот: Radiokocani.mk

ТППЕ – Кочани упатува апел до граѓаните од општините Кочани, Зрновци и Чешиново-Облешево за поголемо внимание и превентивни активности за заштита од пожари во текот на грејната сезона. Надлежните повикаа, граѓаните навреме да ги исчистат оџаците и димоводните канали, за да не дојде до пожар.

Минатата година,во текот на грејната сезона во периодот од ноември до април, во кочанскиот  регион беа регистрирани 60 пожари предизвикани токму од неисчистени оџаци. Редовното чистење оџаци го спречува нивното палење. Никогаш не е доцна, се разбира за тие што не го направиле.

Овој апел за чистење на оџаците е од причина што речиси секојдневно во грејната сезона има барем по едно известување за гаснење пожар на запален оџак. Навидум тие пожари не се опасни, но не ретко од нив се палат и објекти и куќи поради што апелираме до граѓаните поволните денови да ги искористат за чистење на оџаците што преставува и нивна законска обврска, неопходна е проверка и на електричната инсталација затоа што во изминатиов период се забележани случаи на пожари предизвикани од заборавени вклучени полначи за телефон како и полначи на батерии за технички апарати, истакна Драган Апостолов, командир на ТППЕ – Кочани.

Од Дирекцијата за заштита и спасување посочија дека казните за неисчистени оџаци и димоводни канали изнесуваат од 500 евра за физички и до 2.500 евра за правни лица.

 

Категорија:

ОСТАНАТО ОД РУБРИКА

Centar Residence – Твојата нова адреса во срцето на Кочани

Centar Residence е современ станбено-деловен комплекс проектиран за потребите на модерното урбано живеење, со фокус на квалитет, функционалност и долгорочна вредност. Зградата располага со вкупно 53 внимателно проектирани станбени единици, распоредени во 10 различни станбени концепти, со функционални распореди, оптимално искористен простор и природна светлина. Деловен простор: флексибилен и прилагодлив за различни деловни намени –

Свети Јоаким Осоговски – вековно духовно прибежиште кај Крива Паланка

Свети Јоаким Осоговски – вековно духовно прибежиште кај Крива Паланка Манастирот Свети Јоаким Осоговски, сместен на околу седум километри од Крива Паланка, е еден од најзначајните православни манастири во источниот дел на земјата. Според историските извори, манастирот потекнува од 11 век и е поврзан со животот и подвижничкото дело на свети Јоаким Осоговски. Манастирскиот комплекс

Нов златен медал за нашиот кочански гениј Владимир Грчев

Нашиот кочански гениј Владимир Грчев освои нов ЗЛАТЕН медал на меѓународниот JetBrains Academy Youth Challenge 2025, во рамки на Coder Track – предизвик кој ги обединува најдобрите млади програмери од целиот свет. Овој успех е уште една потврда за континуитетот во врвните резултати што Грчев ги постигнува на меѓународни натпревари, како и за неговата зрелост,